Линијата е долга 2.298 километри. Патувањето од Пекинг до Кантон по оваа линија од 22 часа ќе се намали на само осум часа. Возот ќе се движи со 300 километри на час, а ќе има 35 станици.
Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија на своите состаноци одржани на 21.12.2012 година одобрија промени на менаџерски позиции во двете компании.
Американскиот индустриски конгломерат General Electric (GE) ќе ја купи единицата за авионски делови на италијанскиот проиведувач Avio за 4,3 милијарди долари.
Индиската компанија Аџаи груп е заинтересирана за изградба на хотели од висока категорија, СПА центри и инвестирање во прехранбениот сектор во Малешевијата.
Новата јахта на основачот на компанијата Apple, Стив Џобс, не може да ја напушти Холандија каде што е изградена поради спор околу неисплатен долг на дизајнерот.
Црна Гора планира да заработи 4,5 милиони евра од продажба на вишокот наоружување и опрема, а на военото воздухопловство ќе му останат само хеликоптери.
Турската компанија Cengiz Insaat потпиша договор во висина од 350 милиони конвертибилни марки (179 милиони евра) за изградба на останатите 10 километри од делницата Влаково – Лепеница на Коридорот 5Ц.
Зоната ќе опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75, каде се определни 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности.
Битолската млекарница БиМилк денеска одбележа 60 години од денот на основањето во 1952 година, кога повеќе трговски претпријатија се здружија и го формираа тогашното претпријатие Млекар - Битола.
Италија одлучи на подолг временски период во наем да ги понуди своите замоци, касарни, па дури и затвори во обид да го пополни буџетот и да го намали својот долг.
Групацијата Peugeot Citroen и американскиот гигант General Motors објавија дека ќе ја продлабочат својата алијанса преку нов проект за заедничко развивање на мал трицилиндричен мотор.
Изминатиот викенд во х. Силекс во Охрид се одржа првиот networking настан на учесниците во шестата генерација на Top Class програмата на CEED Македонија.
Во изградба на железничка и патна инфраструктура ќе бидат вложени вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012 – 2013 година.
Винарската визба Тиквеш ќе извезе вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина Вранец спешл селекшн, берба 2011 во Данска.
Макпрогрес како компанија од Македонија несебично ја пружи својата поддршка и помош на Божиќниот СИЛА базар во Љубљана.
Суштинската економска вредност на фабриката за лекови Галеника е околу 100 милиони евра, смета директорот на Агенцијата за приватизација, Владислав Цветковиќ.
Меѓународниот трговски договор против фалсификување ACTA, дефинитивно е отфрлен во Европа откако Европската комисија се откажа од барањето на Европскиот суд за правда да ја потврди неговата легалност.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредитни линии за Охридска Банка, преку кои ќе се задоволат барањата на малите бизниси, како дел од програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан.
Грчките банки во третиот квартал од оваа година ќе покажат загуба од 300 милиони до преку една милијарда евра, оценуваат аналитичарите.
Извршниот директор на германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom, Рене Оберман неочекувано најави повлекување од функцијата кон крајот на следната година.
Во последниве три месеци ресторанот Арабеска дел од дневниот промет го одвојуваше како донација во Домот за деца без родители 11 Октомври. Акцијата вчера се заокружи со водење на децата на празничен шопинг да си одберат облека за зимските денови.
Во охридскиот регион ќе никнат четири нови винарии, како дел од проектот на Владата за изградба на мини-винарии. Винариите ќе се градат со цел за подобрување на севкупната туристичка понуда на земјата, но и како можност за отворање нови работни места.
Скијачката сезона на Попова Шапка официјално се отвара утре со ноќно скијање. Ноќното скијање се враќа на овие терени за првпат после повеќе од една деценија.
Руски Газпром во текот на јануари ќе отвори канцеларија во Загреб и планира многу активно да се вклучи во борбата на пазарот на природен гас, пишува Вечерњи лист повикувајќи се на извори од самата компанија.











