Хрватската влада во четврток ќе донесе одлука за основање компанија која ќе воведе ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително да го либерализира интернет пазарот.
Грчката финансиска полиција (SDOE) поради контрола побара отворање на 6.000 сметки во банките во рамките на истрагата за затајување на данок и корупција.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор повторно се нуди на продажба. Според пишувањето на словенечки 24ур, хрватскиот конзорциум Агрокор на Ивица Тодориќ повторно е најсигурниот кандидат за купување на овој словенечки ланец.
Скоро четворица од пет Словенци користеле интернет минатата година. Потоа следуваат две третини Хрвати, додека Македонија и Србија се на 63%.
Телеком Словенија ги купи преостанатите 30% на операторот Анекс, кој е со седиште во Република Српска. Телеком Словенија купи 70% од Анекс во ноември 2007 година за 3,33 милиони евра.
Кон крајот на овој месец започнува изградбата на хотелот Marriott во центарот на Белград, најави претседателот на компанијата ПСП Фарман, која ќе ги врши градежните работи, Бранислав Грујиќ.
Целокупниот минатогодишен контингент од 30.000 произведени автомобили фиат модел 500L, произведени во фабриката во Крагуевац, се распродадени во рекордно краток период.
Со новиот закон за енергетика, со либерализацијата на пазарот на електрична енергија се опфатени сите 27 големи индустриски потрошувачи, кои сочинуваат 9,5% од потрошувачите, а ќе биде отворено и 40% од пазарот на гас.
Најголемиот хрватски произведувач на компјутери М Сан група развива прв хрватски паметен мобилен телефон, пандан на iPhone на Apple и Galaxy на Samsung, кој ќе работи на Андроид, а на пазарот би можел да се појави кон средината на оваа година.
Економската иднина на Балканот во голема мера зависи од судбината на еврозоната. Сите балкански економии се поврзани со еврозоната и падот на побарувачката од монетарната унија им нанесува сериозна штета.
Многумина почетокот на новата календарска година ја доживуваат како време за нов почеток. На најголем дел од анкетираните, новогодишната желба им е поврзана со работата и кариерата.
Словенија од белгиската банкарско – осигурителна група KBC ќе ги откупи нејзините 22% акции од Нова Љубљанка Банка (NLB). Цената е договорена од едно евро по акција, што е вкупно 2,77 милиони евра, објави словенечкото министерство за финансии.
На Белградскиот саем од 22 до 31 март ќе се одржи Меѓународниот саем на автомобили, најави Зоран Лукшиќ, шеф на проектот Саем на автомобили. Паралелно ќе се одржи и 7. Саем за мотоцикли, велосипеди и опрема.
Компанијата на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, според пишувањето на приштинскиот весник Зери, се повлекува од приватизација на Пошта и Телеком Косово (ПТК).
БХ Телеком, најголемиот од трите оператори во Босна и Херцеговина, 2012 година ќе ја заврши со приход од 313 милиони евра и добивка од 75,5 милиони евра.
Владата на Црна Гора побара од Собранието да ги намали платите на пратениците за 7%, како што е направено и со министерските плати како дел од пакетот мерките за штедење кои го проследија овогодишниот ребиланс на буџетот.
Државите од западен Балкан влегуваат во втор круг на приватизации. Притиснати поради малиот прилив странски директни инвестиции, скапи и тешки задолжувања, минусите во државните каси ќе се обидат да ги покријат со нов бран приватизација.
Хрватската влада следната година ќе се обиде да продаде околу 3.000 станови, 1.500 деловни простории и бројни парцели, а со нивната продажба би заработила дури 200 милиони евра.
Руската државна железница е заинтересирана за купување на најголемиот бугарски превозник во товарниот железнички сообраќај, Бугарски државни железници – Товарни превози.
Турската влада планира да ја приватизира легалната спортска обложувалница во јуни 2013 година, а нејзината вредност е проценета на 10 милијарди долари.
ЈП Србијагас планира да подигне 200 милиони евра заем со државна гаранција за зголемуваење на ликвидноста и финансирање на изведбата на српскиот дел од гасоводот Јужен тек.
Црна Гора планира да заработи 4,5 милиони евра од продажба на вишокот наоружување и опрема, а на военото воздухопловство ќе му останат само хеликоптери.
Турската компанија Cengiz Insaat потпиша договор во висина од 350 милиони конвертибилни марки (179 милиони евра) за изградба на останатите 10 километри од делницата Влаково – Лепеница на Коридорот 5Ц.
Суштинската економска вредност на фабриката за лекови Галеника е околу 100 милиони евра, смета директорот на Агенцијата за приватизација, Владислав Цветковиќ.