Мурат Улкер, генерален директор на турскиот најголем произведувач на храна Yıldız Holding, се најде на првото место на листата 100 најбогати Турци 2014 на магазинот Forbes, со богатство проценето на 3,7 милијарди долари.
“Не сме заинтересирани за Croatia Airlines. На секој пазар на кој сме присутни сами настапуваме локално и во секоја земја имаме различен маркетиншки пристап, па локален превозник како Croatia Airlines во тој контекст не ни е интересен”.
Британските туристи ова лето на линијата Белград - Бар ќе се возат во Синиот воз на Јосип Броз Тито за цена од 1.300 фунти, а просечната тура ќе трае од шест до осум дена. Железница Србија со ова ќе заработи меѓу 40.000 и 50.000 евра.
Генералниот директор на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Антонио Чезаре Ферара, од први март веќе нема да биде на оваа функција, пишува Данас.
Портонови ќе биде првото One and Only летувалиште во Европа. Ќе се протега на 24 хектари, а со изгледот нема да отскокнува од црногорската приморска архитектура.
И покрај добрите финансиски резултати, првиот човек на компанијата, Рудолф Скобе потврди дека во следните пет години ќе бидат отпуштени 800 вработени, 200 во првиот бран, од кои 150 од матичната земја, пишува Финанце.
По кондиторската компанија Ferrero, уште една компанија е заинтересирана да инвестира во производство на лешници во близината на Ниш.
На 21-от годишен собир на економисти, политичари и бизнисмени најавени се преку 500 учесници.
За Леснина поголема конкуренција се столарите и малите фирми кои изработуваат мебел по мерка отколку Икеа.
Како сектори кои најмногу придонесуваат за сивата економија се наведуваат градежништвото, трговијата, производството, туризмот и транспортот.
Според експертите, Србија треба да ги искористи адутите што ги има - поевтина, но образована работна сила, добра географска положба, слободен пристап до бројни пазари. Адути што треба да ги искористи Србија се и големите проекти.
Борово се обидува да направи чекор понапред во градењето на брендот и да ги пласира препознатливите патики на хрватскиот пазар и на пазарите во регионот, но и во Франција, Кореја и Јапонија.
Ако се остварат плановите, под капата на руската компанија ќе биде формирана нова вертикално интегрирана нафтена мегакомпанија со преку 10.000 вработени, 1.000 бензински пумпи и пазарен удел на десетина пазари на југоисточна Европа и западен Медитеран.
Станува збор за авиони од типот фокер 100, кои се во просек стари 23,5 години, со што спаѓаат меѓу најстарите летала од овој тип во оперативна употреба.
Банките со седишта во земјите во еврозоната продолжуваат со повлекување на капиталот од своите подружници во скоро цела средна и југоисточна Европа.
Владата на Црна Гора побара од националниот авиопревозник Монтенегроерлајнс подобро да се поврзе со авиолинии со земјите од регионот и да разгледа воведување на линии кон Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
По повеќемесечни преговори, во март 2013 година платите во јавниот сектор се намалени за 3%, што е најмало намалување во земјите што најсилно ги зафати кризата, пишува Јутарњи лист.
Словенечката премиерка Аленка Братушек најави дека владата составува нова листа со компании со државни удели кои ќе одат на продажба, односно ќе се приватизираат.
Хрватскиот центар за социјални иновации и одржлив развој ќе ја стартува првата хрватска crowdfunding платформа за претприемачи, Croinvest.eu и првата B2B и B2C извозна е-продавница, CroMall.
Целта е да се направи поголем пробив не само на Косово, туку и во Албанија, кои заедно сочинуваат пазар од скоро 7,5 милиони луѓе, како и зајакнување на својата позиција на косовскиот пазар.
Трговскиот ланец Kaufland планира да го прошири своето работење и на српскиот пазар, пишуваат српските медиуми.
Според привремените, неревидирани податоци на Хрватската народна банка, добивката на банките пред оданочувањето минатата година изнесувала нешто помалку од 133,2 милиони евра, што е за 70% помалку во однос на добивката пред оданочувањето во 2012 година.
Словенечкиот министер за инфраструктура, Само Омерзел, соопшти дека штетата што ја направи снежното невреме во земјата изнесува 120 милиони евра.
Според договорот, српскиот национален авиопревозник ќе има ексклузивно право на летовите на линијата Белград - Љубљана.










