Доколку предлогот биде прифатен, ќе ги опфати сите јавни службеници, чија бројка е околу 240.000.
Хрватската Атлантик Група со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) договори кредит во износ од пет милиони евра наменет за унапредување на енергетската и ресурната ефикасност на оперативното работење во Србија.
Компанијата DM drogerie-markt петта година по ред е избрана за најпосакувана компанија за работа во Хрватска. На второ и трето место се компанијата Müller и трговскиот ланец Lidl.
Инспекторите на ФВО првата контролна мисија во БиХ ја започнаа на 21 јануари, за да го проверат степенот на исполнетост на условите за извоз на млеко и млечни производи.
Авиокомпанијата Air Serbia вчера соопшти дека ја укинува таксата на услугата издавање билети во висина од 10 евра за сите билети купени преку интернет страната www.airserbia.com.
Кон средината на летово на источниот влез во Загреб се отвора голем продажен објект на шведска Икеа.
Европската комисија, за вработување на преку 5,5 милиони невработени млади луѓе во Европа осмисли програма Гаранција за млади, за која до 2020 година се обезбедени шест милијарди евра. Од нив, Хрватска ќе добие 128 милиони евра.
До сега странците во Србија инвестирале 20 милијарди евра, а во странски компании работат 95.000 луѓе.
Агрокор за една акција на Меркатор во 2011 година нудеше 211 евра, а договорот за продажба на Меркатор потпишан минатата година предвидува цена од 120 евра по акција.
Железницата на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе му го врати на хрватски Кончар нископодниот воз што го купија уште во 2008 година, а до денес не го платиле.
Во градовите и општините на крајбрежјето е невозможно и не е добро да им се допушти на хотелиерите и угостителите да наплаќаат влез на плажите. Јадранските плажи не се африкански ресорти. Туризмот мора да се базира на симбиоза со локалната заедница.
Индустриското производство во Хрватска треба во периодот од 2014 до 2020 година да расте по годишна просечна стапка од 2,85%, во индустријата треба да се вработат преку 85.000 нови работници и да се оствари раст на извозот за 30%.
Во категоријата големи компании, првото место го делат Црногорски Телеком и Монтенегро Старс хотел груп. Второто место го зазеде Требјеса пиварницата, а третото Оков.
Кондиторската компанија Ferrero планира во Србија да воспостави Центар за производство на лешници, да започне сопствено производство на 1.000 хектари и да воспостави кооперантски односи со земјоделците на територијата на централна и јужна Србија.
Црна Гора троши околу 10 милиони евра за увоз на риба и преработки, иако е приморска држава. Богата со природни ресурси за развој на оваа стопанска гранка, Црна Гора нема ниту една фабрика за преработка на риба, пишува Вечерње новости.
Ние во ХНБ (Хрватска народна банка) сметаме дека банките не би требало да ги користат еурибор и либор како референтни стапки, затоа што со тоа пренесуваат непотребен ризик на граѓаните, сметаме дека тоа е коцкање, предупреди Ведран Шошиќ, вицегувернер на ХНБ
Формирањето на банката за дијаспората би овозможила трансферите од странство во Србија да бидат насочени во инвестиции наместо за потрошувачка.
Oва за Хрватска ќе биде година на борба против работата на црно. Kазните за работодавците за работа на црно сега се движат меѓу 7.800 и 13.000 евра, а министерот за труд најави дека ќе се зголемат.
Србија во земјите од ЦЕФТА лани најмногу извезувала житарки, производи од нив, разни видови пијалоци, разни готови производи.
Под тежината на мразот и снегот се кинат жиците и попуштаат далноводите, поради што без струја останаа 250.000 потрошувачи.
Русите имаат поголеми амбиции од купување на мнозински удел во ИНА и подготвуваат пакет мерки кој содржи цела низа проекти, кои, доколку се реализираат, ќе имаат огромно влијание врз хрватската економија.
Samsung Elektronics ќе ги информира надлежните институции во Црна Гора и во потполност ќе ја поддржи нивната истрага на нелегалниот ланец за снабдување со реплики на мобилните телефони од овој производител, јавува агенцијата Мина, пренесува Вијести.
Словенија од вчера се наоѓа на листата на 55 земји чии градови и места можат виртуелно да се прошетаат преку апликацијата Street View.
Прв на листата е генералниот директор на Нафтена индустрија Србија (НИС), Кирил Кравченко.