Кинескиот државен фонд China Investment Corp е заинтересиран за преземање меѓу 4% и 10% удели во Daimler.
Шест земји забранија увоз на говедско од Бразил, откако минатиот месец беше потврдена појава на случаи на атипичен облик на заболувањето “луди крави”.
Јужнокорејскиот автомобилски концерн Hyundai-Motor, во кој е вклучена и KIA, оваа година очекуваат да продадат преку седум милиони автомобили. Hyundai и Kia се на петто место на најголеми произведувачи на автомобили, а пред нив се Toyota, Volkswagen, General Motors и Ford.
Al Jazeera објави дека ја купува Current TV, кабелска телевизија која со партнери ја основа поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Со ова се зацврстува влијанието на катарската телевизија во САД.
Популарната мобилна апликација за споделување на фотографии Instagram, објави список на најфотографирани места во светот за 2012 година
На меѓународниот аеродром во Дубаи, најголемиот аеродром на Блискиот Исток, отворен е првиот терминал на светот специјално направен за супер-џамбо авиони Airbus А380.
Цената на железна руда на светските пазари во последните четири месеци порасна за 60%, по остриот пад во септември, пишува Фајненшал тајмс.
Sony одлучи да го запре производството на конзолата PlayStation 2, која на пазарот се појави уште во март 2000 година во Јапонија, а во Европа стигна неколку месеци подоцна. Од тогаш е продадена во преку 150 милиони примероци.
Во Русија од вчера стапи на сила забрана за рекламирање на алкохолни пијалоци. Станува збор за потполна забрана за рекламирање, освен во продавниците кои се занимаваат со малопродажба на алкохолни пијалоци.
Читањето книги на таблети и мобилни телефони станува се попопуларно во САД, каде скоро една четвртина од љубителите на книги користат е-книги.
Јапонската компанија Тојота оваа година ќе ја врати титулата најголем произведувач на автомобили во светот, по падот на трето место во 2011 година.
Индиските нафтени компании се заинтересирани за стекнување удел во истражените наоѓалишта на нафта или во оние што се разработуваат заедно со руските компании.
Таџикистан, најсиромашната земја од поранешниот советски блок, на интернет провајдерите им достави попис од 131 интернет страници до кои треба да се оневозможи пристап.
Линијата е долга 2.298 километри. Патувањето од Пекинг до Кантон по оваа линија од 22 часа ќе се намали на само осум часа. Возот ќе се движи со 300 километри на час, а ќе има 35 станици.
Американскиот индустриски конгломерат General Electric (GE) ќе ја купи единицата за авионски делови на италијанскиот проиведувач Avio за 4,3 милијарди долари.
Групацијата Peugeot Citroen и американскиот гигант General Motors објавија дека ќе ја продлабочат својата алијанса преку нов проект за заедничко развивање на мал трицилиндричен мотор.
И додека сите очекуваа да замине во Amazon или Apple, поранешниот лидер на Windows, Стивен Синофски преку твитер јави дека напролет ќе почне да предава на Харвард.
Американскиот произведувач на козметика Авон во рамките на стратегијата за штедење ќе укине 1.500 работни места, што е околу 4% од вработените. Воедно, Авон ќе се повлече од два азиски пазари – јужнокорејскиот и виетнамскиот.
Топ пет дестинации во светот се Париз, Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур, објави Светската туристичка организација при ОН.
“Планираме да изградиме најмалку 800 регионални аеродроми во градовите со преку 100.000 жители”, најави претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Кинеските инвеститори во 2012 година оствариле рекорд во купување на компании во САД, при што потрошиле 10,5 милијарди долари.
Повеќето работодавачи на глобалниот пазар се помалку убедени дека ќе вработуваат работници отколку што беа на почетокот на годината, што навестува тешки времиња за оние што бараат работа, се заклучува во прогнозите на групата Manpower за првото тримесечје од следната година.
Министрите за енергетика на земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) се договорија да го задржат постоечкото ниво на производство.
Познатиот германски произведувач на луксузни спортски автомобили Порше, денес соопшти дека бројката на продадени автомобили, досега во оваа година е поголема од вкупната бројка на продадени автомобили во изминатата 2011, која беше рекордна за компанијата.