Вршителите на авто – такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до први јули следната година.
Продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката - Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор.
Технометал Вардар за следната 2017 година проектира добивка од 46.000 евра, покажува финансискиот план за работа и делување, објавен на Македонска берза.
“Се одобрува склучување на зделка што претставува купување на удел што претставуваат 49% од основната главнина на Друштвото за производство Млекара Здравје Радово увоз – извоз ДОО с. Радово Босилово, за вкупна цена од 6.000.000 евра во денарска противвредност“, стои во одлуката.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје му даде одобрение да основа нов отворен инвестициски фонд ВФП 100% Бонд.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 03.01.2017 година.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) од утре (15.12.2016 година) ги пушта во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари.
Право на користење на регрес за годишен одмор имаат сите вработени лица кои имаат остварено минимум шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавецот.
Управата за јавни приходи ја објави 12-тата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2016 и неплатени до 30.11.2016 година.
Данок претставува дел од приходот што државата го наплаќа од физичките и правни лица за покривање на своите расходи.
Шпедитерската куќа Макошпед за следната 2017 година планира да оствари 6.637.110 денари добивка пред оданочување, покажува Деловниот план за 2017 година, објавен на Македонска берза.
Вкупно 83 од 108 компании коишто котираат на Македонска берза, заклучно третиот квартал од оваа година, евидентираа добивка во висина од 9.451.848.736 денари, покажува Прегледот на финансиски резултати на котираните друштва.
Љубљанската берза, од осми овој месец, стана активен член на платформата SEE Link, откако аплицираше на почетокот на оваа година.
Стопанска банка Битола информира дека јавната понуда на обврзници не е реализирана, бидејќи не се продадени понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност.
Вкупните девизни резерви заклучно со 30-ти ноември оваа година изнесуваат 2.551.400.000 евра, што е за 177,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец.
Како се пријавуваат приходи од странство како физичко лице, на основа на провизија за извршено посредување во продажба на стоки кон втора странска фирма? На кои даноци (колкав процент) подлежат овие приходи?
Акциите на Комерцијална банка, Стопанска банка и на НЛБ Банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во ноември, покажува Месечниот статистички билтен.
Кредит до износ од 180.000 денари се одобрува БЕЗ жиранти.
Белградската берза е прва што активно се приклучува кон SEE Link, по трите берзи основачи на платформата.
Новиот Одбор на директори на Берзата го сочинуваат: Коста Костовски, Тони Стојановски, Петар Трпески, Михајло Брова Зиков, Иван Штериев, Кирил Јовановски и независните членови: Горан Анастасовски и Иван Мишев.
Во секој паричник се “крие“ барем по една пластична картичка, којашто има моќ да купи тоа што ни е неопходно.
Неметали Огражден, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со загуба од 745.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Со изборот на најдобрите стартапи на Zagreb Connect, заврши дводневната конференција на бизнис ангели во Европа, EBAN Winter University 2016, што на 29 и 30 ноември се одржуваше во Загреб.