Цените во земјоделството во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 1,7 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 1,4%.
Членството во НАТО имаше огромно влијание врз економскиот развој на другите земји во регионот и не постои причина зошто тоа не би било случај и со Македонија.
Одговорите на прашањата пристигнати во текот на една работна недела ќе бидат дадени до последниот работен ден од наредната работна недела.
Со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на луѓето, АХВ донесе пакет програми за мониторинг на безбедност на храна и храната за животни за 2019 година.
Бројот на туристите во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 12%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,2%.
Овој традиционален форум на Еуромани, поради вонсериски големиот број учесници важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ.
Законот е во собраниска процедура и се очекува да се отпочне со негова примена од април месец оваа година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.942.350.000 денари, што е за 80,1% повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици со којшто ќе се евидентираат физичките лица, сопственици на правни субјекти кои ги поседуваат или контролираат фирмите.
Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори ТУИ, Корендон и Томас Кук, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија.
Поседувањето на сертификат за овластен економски оператор за компаниите ќе значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешна трговија.
Во ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, на месечно ниво се повисоки за 0,2%, а се пониски за 0,9% на годишно ниво.
Трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, додека кај цените на мало има пад од 0,5%.
Цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во споредба со ноември 2018 година, останаа на исто ниво.
Ова е прв проект од фотоволтаично производство на електрична енергија вреден околу седум милиони евра, од кои 5,9 милиони евра се кредит од ЕБРД, а остатокот се средства на АД ЕЛЕМ.
Непознатите испраќачи лажно се претставуваат во име на меѓународни и домашни финансиски институции, вклучително и во име на НБРМ, при што пораките не се испратени од системите на институциите.
Министерот за финансии посочува со реформата се прави и разлика помеѓу доход од труд и доход од капитал како што се дивиденди на пример.
Во планот се зацртани целите за унапредување и развој: инклузивен и одржлив развој на пазарот на хартии од вредност, заштита на инвеститорите и на интегритетот на пазарот, како и оптимизирање на институционалните перформанси.
Нивното вклучување во акцијата на СОС Детско село им помогна да ги остварат желбите и потребите на малите и младите кои се без родители и во социјален ризик,.
Рудникот за олово и цинк Саса обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.
Бројот на работниците во индустријата во ноември оваа година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 3,5%.
Со средствата е набавен дигитален логопедски сет, којшто претставува високософистициран инструмент за обработка на звучниот сигнал.
Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година ги издава броевите 9 и 10  на е-билтенот Потрошувачите и храната.
Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со исиот период лани, е зголемено за 4,9%.