Од утре во 11:30 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, под мотото Да го зачуваме и развиваме занаетчиството сите заедно, затоа што Занаетчиството е се околу нас, започнува манифестацијата Денови на занаетчиството во РМ 2013, која се оддржува традиционално по четврти пат.
Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Корисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства.
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од денеска статува со проектот Отворен ден со граѓаните.
Во Македонија, во утринските часови на некои места има слаба магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и ветровито.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа по влажни коловози на повисоките планински и осојничави места, каде поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Финалната потрошувачка на енергија во Македонија во 2014 година ќе изнесува 76.565 тераџули или за 2,3% повеќе во однос на 2013, додека примарната потрошувачка на енергија ќе биде 118.945 тераџули, односно за 2,6% повеќе во однос на годинава.
Германските бизнисмени, учесници на економскиот форум Европа 20-20: Предизвици и реформи за стопанството и животната средина, кој денеска се одржа во Скопје, се запознаа со инвестициските предности и можности кои ги нуди Македонија.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, градот е динамичен и заедно во иднина можат да се изработат многу заеднички проекти. Може да се најде синергија за текстилот, интересен е секторот за мермер, претставување на индустриските зони како и влегување на градот Прилеп да стане дел од македонската бизнис - делегација во Италија.
Универзитетот Гоце Делчев (УГД) ги прими сертификатите за применување на системот за управување во согласност со ИСО 9001:2008.
Од денеска во функција ќе биде ставена новата пречистителна станица за атмосферски води на Цементраница Усје АД Скопје.
Регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија достави барање до државата за добивање на поддршка за два денари на секој килограм грозје предадено на македонските винарски визби.
Во интервјуто Спасов вели и дека македонскиот електро-преносен систем оператор е подготвен за престојната зимска сезона и дека може да издржи зголемено оптоварување доколку температурите бидат екстремно ниски.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со умерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат од шест до 13 степени.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Според министерот, долгорочно и среднорочно треба да се избалансира економскиот раст со поголемо учество на приватниот сектор.
Вицепремиерот, во своето обраќање на ФИНЕКСПО 2013 потенцираше дека ќе се поддржат сите македонски фирми кои ќе се вклучат во реализацијата на проектите предвидени за следната година.
По повод Денот на пиратеријата, Координативното тело за интелектуална сопственост организира јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост.
Стопанската комора на Македонија денеска ќе организира презентација за продажба и маркетинг на меѓународните пазари, на која посебен акцент ќе се стави на пазарот во Германија.
Денеска на Скопски саем по 11-ти пат ќе се одржи конференцијата за деловни можности, финасии и економски развој - ФИНЕКСПО 2013.
Сојузот на стопански комори (ССК) и Дирекцијата за заштита на лични податоци, денеска ќе потпишат меморандум за соработка.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со умерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат од три до 11 степени.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа по влажни коловози на повисоките планински и осојничави места, каде поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Во скопската општина Аеродром утре ќе биде официјално отворен трговскиот центар Capitol mall and residence кој се простира на 33.500 метри квадратни
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде претставен пилот проектот Со GS1 DataBar обезбедена следливост на производите до самото наплатно место.