Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната средба со својот тајландски колега Анудит Накорнтап во Бангкок, ги презентираше поволностите за инвестирање во Македонија.
На бизнис форумот одржан во Милвоки, каде беа претстваени инвестициските можности во Македонија, две компании изразиле интерес за посета на државава и подетално запознавање со можностите за инвестирање.
Конференцијата за употребата на фондовите за Роми и Осмиот ромски економски бизнис форум ќе се одржат денес во Скопје.
Земјиштето на легализираните семејни куќи од вчера може да се откупи по цена од 61 денар за метар квадаратен за парцели до 500 метри квадратни.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со повремен локален дожд. Доцна попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни.
На патните правци Кочани - брана Калиманци (А3), Раброво - Костурино (Р1401) и М. Каменица - Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше мебел на Фондацијата Рето-Надеж со седиште во Скопје, чија мисија и цел е обезбедување помош на зависници од наркотици и алкохол во откажувањето од зависноста и нивна повторна ресоцијализација.
Проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски култури се нерешен статус на земјиштето, скапи енергенси, висок надомест за експлоатација на геотермалните води и ниски субвенции.
Министерството за економија денес во Скопје ја организара третата по ред седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Косово за економска соработка.
Граѓаните и компаниите за првпат ќе имаат можност да направат проверка на своите броила со кои се мери потрошувачката на топлинска енергија и на други течности во нивните објекти.
Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и Републичкиот геодетски завод на Србија денес ќе потпишат Mеморандум за соработка.
Во текот на денот, времето во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Ветерот во некои области ќе достигне брзина и до 20 километри на час.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014 год.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,2% на месечно ниво, а се пониски за 2,6% на годишно ниво.
Царинската управа и Тутунски комбинат АД Прилеп ТКП потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се спречува шверц на цигари, ќе се разменуваат информации, ќе разменуваат искуства.
Мобилниот оператор Вип објави раст на приходите и добивката во третиот квартал од годината, како и зголемување на пазарниот удел
Од денес 15.11 2013 започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
Времето денес во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
На вчерашната седма седница општина Василево со донесување на урбанистичкиот план за вон населено место, се заокружи законската постапка за отворање на втората стопанска зона во оваа општина.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,4% на месечно ниво, односно за 2% на годишно ниво
Со новата посебна Програма на Владата, за субвенционирање на вработувањето во приватниот сектор на лицата кои се невработени и активно бараат работа, ќе бидат вработени 150 корисници на социјална парична помош.
Во организација на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка денес во Скопје ќе се одржи дискусија на тркалезна маса посветена на создавање нови работни места и поттикнување развој во автомобилскиот и агри секторот .
Земајќи ги предвид најновите макроекономски, финансиски и пазарни показатели, Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниски 3,25%.