Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Милано, во рамките на Проектот РИСЕЕ, Италија - Југоисточна Европа, организира билатерални бизнис-средби со компании од Италија.
Догодина за чистење на каналската мрежа ќе бидат обезбедени вкупно еден милион евра. Годинава за оваа намена беа предвидени 40 милиони денари со кои се исчистени 104 километри канали за одводнување и наводнување.
Скопскиот аеродром Александар Велики го одбележа најголемиот месечен пораст изминативе неколку години, со опслужени 88.922 патници во октомври и зголемување од 37,6% во споредба со истиот месец лани.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 23 степени.
Теренските активности кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово, во периодот од 07.11.2013 год. до 11.11.2013 год. ќе се изведуваат од с. Текија до бензинската пумпа на Макпетрол кај с. Дељадровце.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5.127.810 илјади денари, што е за 1,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година.
Од 11 ноември, понеделник, започнува акцијата Отворено со Катастарот. Традиционално, седма година по ред, на граѓаните ќе им се овозможи полесно да ги надминат евентуалните проблеми од оваа област, како и да се запознаат со новините во работењето на Агенцијата.
Во рамки на годишната програма на Поткомитетот за царина и правила на потекло на ЦЕФТА, со кој претседава директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ванчо Каргов, денес во Скопје ќе се одржи Седмиот состанок на ЦЕФТА Поткомитетот.
Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на меѓународните ЦЕМТ транспортни дозволи за 2014 година.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 до 22 степени.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес го означи стартот на третата фаза од проектот Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10.
Оваа година покровител на хуманитарната претстава ќе биде компанијата ОКТА, која на 15 ноември ќе собере на едно место повеќе од 700 дечињата од различни посебни основни училишта и институции.
Претставници од Македонско-бугарската стопанска комора и Советот за развој на источниот плански регион денес ќе остварат средба каде ќе се дискутира на повеќе различни теми
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално се очекува да бидат пообилни (над 15л/м2).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2013 година, во споредба со септември 2013 година, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2013 година, изнесува 3.085.397 илјади долари, а на увозот 4.780.933 илјади долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 се издадени 121 одобрение за градење што е за 54,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во рамки на проектот Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните, денес во Скопје ќе се одржи Панел дискусијата за влијанието на генетски модифицираната храна (ГМО) врз младите.
Проектот за зајакнување на капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги ќе биде презентиран денеска во Скопје.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд, особено попладне, во западните делови.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.