Во четврток и петок се очекува намалување на облачноста. Можно е локално да има и слаби врнежи од дожд, на места и со ретки грмежи особено на планинските подрачја. Глобално во наредните денови се очекува стабилизирање и затоплување на времето.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците, утре неколку улици во Скопје и околните села ќе бидат без напојување со електрична енергија.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со појава на повремен дожд и грмежи, на места врнежите ќе бидат поројни и ќе има услови за појава на град.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ОНЕ од денес почнува со реализацијата на вториот дел од процесот на дигитализација согласно барањето од Агенцијата за електронски комуникации кој што се состои во ослободување на фреквенциите од дигиталната дивиденда намената за 4Г технологијата во Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи за денес попладне најавува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за град.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Владата донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за периодот од први јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот секој ден.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните и северните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот.
Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во скопската населба Лисиче и селото Бардовци, информираат од Центарот за управување со кризи.
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во југоисточните делови од земјава каде ќе има поизразена нестабилност.
На патниот правец Демир Капија - Удово завршени се градежните работи. Собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.
Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.
Одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа Парк и Камен Мост и ракометното игралиште на песок на Градска плажа Парк, деновиве почнаа да работат, соопшти Град Скопје.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Дневната температура ќе достигне до 22 степени.
На патниот правец Демир Капија - Удово завршени се градежните работи. Собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден (01.06.2013 година, сабота), едната коловозна лента на мостот Тодор Александров (поранешниот мост Близнак) ќе биде затворена за сообраќај, поради изведување градежни работи за санација на дел од дилатационата фуга на мостот.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо за четири до пет степени, а ќе има и сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд на места со појава на грмежи и со засилување на ветер.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.