14-то издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Скопски маратон традиционално се одржува по повод на Денот на Европа.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Фото: PixabayИндексот на цените на угостителските услуги во април годинава, во споредба со март 2018 година, останале на исто ниво, објави Државниот завод за...
Главната цел на програмата е едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.
Автобусот ќе биде дел од тест периодот на еко-автобуси во градскиот сообраќај, по што Град Скопје и ЈСП Скопје ќе треба да одлучат со какви автобуси ќе го модернизираат возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие.
Се очекува депозитен раст од 6,4% и 6,5% за 2018, односно 2019 година, наместо претходно предвидените 6,1% и 6,3%. За 2018 и 2019 година се очекува кредитен раст од 6,5% и 7,7%, соодветно, при што банкарскиот систем и натаму е стабилен, ликвиден и висококапитализиран.
За секоја сметка над 1.000 денари направена во новиот маркет во Карпош 3 во периодот од 5 до 8 мај, следува дополнителен попуст од 100 денари за пазарување во Џамбо до крајот на мај.
Клиентите ќе бидат информирани од страна на контакт центарот на Стопанска банка околу подигнување на наградата.
Цементарница УСЈЕ заедно со уште пет други компании, потпиша меморандум за соработка со средното електротехничко училиште Михајло Пупин од Скопје.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 5,0%, а реално за 5,1%)
И по 15 мај годинава, кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари ќе бидат во оптек, со што и натаму се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 6,7%.
На Pasta Pаrty во Парк Хотел и Спа се поканети сите учесници на Виз Ер Скопски маратон, кои ќе можат да купат ваучер во висина од 100 денари на Маратон Експо кое ќе се одржи на 4-ти и 5-ти мај, кога и ќе се подигнуваат стартните пакети.
Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја организираат Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Холандија. Во претходните две акции беа исчистени брегот и водите на езерото Матка, како и кејот на реката Вардар, на којшто и годинава се собираше целокупниот сув отпад.
Дваесет граѓански организации од Македонија, преку успешни примери за лобирање, застапување и модели за партнерство меѓу организациите и локалните/централните власти, денес учествуваа на Националната...
Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!
Надградбата на објектите ќе ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, ќе го намали времето потребно за вршење на граничните формалности и ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.
Според статистиката, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 85,6% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,9% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во годинешната, трета по ред еко-акција, којашто е дел од платформата “Дали рециклирате!?“, ќе учествуваат и Амбасадорите на В. Британија и САД, како и сите заинтересирани граѓани. 
Нови форми и нови кадри во туризмот се потребни за да се следи чекорот со светските трендови, но неопходно е и освежување на дестинацијата со нови содржини, коишто нема да го исклучат традиционалниот момент.
Конференцијата, којашто има меѓународен карактер, ќе го стави во фокус тековниот глобален процес на премин кон дигиталното работење и плаќања
Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард.
Оваа мерка е имплементирана во соработка со Управата за јавни приходи.
Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 кг по жител, што е за 1,3 % помалку од истото количество во 2016 година.