Технологија

Социјалната мрежа Facebook наскоро планира на своите производи да воведе софтвер за препознавање и преведување на гласот, што во иднина би значело дека ќе може да ја контролираме оваа друштвена мрежа со помош на својот глас.
По 13 години на пазарот со повеќе од 155 милиони продадени примероци и повеќе од 10.000 игри, Playstation 2 ја заврши својата кариера на почетокот на годинава кога и официјално престана да се произведува.
Социјалната мрежа Facebook во иднина ќе прикажува статуси во зависност од тоа колку корисникот комуницира со авторот на објавата, дали истата е “лајкувана” и коментирана и според тоа колку од вашите пријатели обрнале внимание на тој статус.
Компанијата HTC претстави нов смарт телефон Desire 500, чии карактеристики се екран од 4,3 инчи, квад кор процесор од 1,2 GHz, кој овозможува брз мултитаскинг, сурфање на интернет, како и играње игри со значително подобрена графика.
За да опстанат на пазарот, произведувачите почнаа да произведуваат апарати со повеќе можности, но и да ги качуваат цените.
Во три фабрики на партнерот Pegatron на оваа компанија работат малолетници, а неделно се работи во просек 69 часа. Притоа, хигиената е на ужасно ниско ниво. Истражителите на CLW во фабриките работеле прикриено.
Компанијата Samsung лансираше уште еден нов мобилен телефон на пазарот, Samsung Galaxy S4 Active – за кој тврди дека е водоотпорен, отпорен на прашина и така безбедно дизајниран што слободно може да го користат и најмалите.
Со развојот на технологијата за следење на движењето, играњето пинг понг станува поинтересно, овојпат преку играта наречена Pingtime.
Уметникот Николај Лам направи визуализација на големината, формата и бојата на wi-fi сигналите, како би изгледале кога би биле видливи за човечкото око.
Moto X е првиот телефон на Моторола дизајниран под водство на Google, кој ја купи оваа компанија во 2011 година за 12,5 милијарди долари.
Нокиа ја воодушеви светската јавност со презентирањето на првиот паметен телефон од серијата Lumia, кој е опремен со 41-мегапикселна камера направена со технологијата PureView.
Street View возилата прво ќе ги снимаат улиците на Љубљана, а потоа и другите словенечки градови и места.
Компанијата HG Spot Informatika го направи првиот хрватски паметен телефон Forcebook UltraPhone 40. Цената е атрактивна, само 67 евра.
Нокиа е пред два предизвика – пазарот на мобилни телефони полека го губи, а Windows телефоните не се доволно етаблирани, па компанијата мора што поскоро да премине на Андроид.
Google започна нова пилот програма за Trekker, преносен камера - систем дизајниран за да ги “дофати” местата на Google Maps до коишто не можат да стигнат Street View автомобилите, велосипеди и сноумобилите.
Технологијата се вика Wi-Vi, комбинација од Wi-Fi и “vision”, а научниците велат дека наскоро ќе им биде достапна на сите и тоа како апликација за мобилни телефони од следните генерации.
Компанијата Samsung официјално го лансираше на пазарот првиот супер тенок телевизор со свиткан екран чија цена е 13.000 долари или пет пати повеќе од телевизорите со рамен екран кои што веќе се во продажба.
Компанијата Sony лансираше нов водоотпорен андроид смартфон. Телефонот Xperia Z Ultra може да се користи под вода до длабочина од 1,5 метар.
Роботот Ava 500 е наменет пред се за бизнисот, за одржување на состаноци меѓу колеги од фирми што имаат канцеларии на повеќе локации, преку големиот монитор чија висина се прилагодува. Кога состанокот ќе заврши, роботот се враќа во својата база за полнење.
Новата домашна гејмерска конзола Xbox One на Microsoft, ќе започне да се продава до крајот на годинава, објави на презентацијата во кампусот на Microsoft во Редмонд, шефот на тимот за развој на Xbox, Дон Матрик.
Група поранешни вработени од финска Nокиа, кои дадоа откази поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем MeeGo во корист на Windows, го претставија сопствениот паметен телефон.
Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Новата технологија која нема да биде подготвена за комерцијалниот пазар до 2020 година, ќе го забрза преносот на податоци и за неколку стотици пати за разлика од технологијата 4G LTE.
Facebook најавува нова апликација Home за Android, која ќе го олесни споделувањето на статуси, слики и информации, односно ќе ги стави луѓето пред програмите.