Македонски Телеком ќе исплаќа дивиденда од остварената добивка во 2014

21

makedonski telekom

Акционерското друштво Македонски Телеком донесе предлог одлука за исплата на дивиденда за 2014 година и за утврдување на дивиденден календар. Според оваа одлука, исплатата на дивиденда за 2014 година ќе се изврши во период од 18.05.2015 и 29.05.2015 година.

Собранието на компанијата ја одобри исплатата на дивиденда за 2014 година во вкупен бруто износ од 2.262.857.170 денари, што е износ од остварената нето добивка на компанијата за 2014 година.

Бруто износот на дивиденда по акција, според предлог одлуката, е 26,23 денари.

Датум на пресек на акционерска книга, според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2014 година е 04.05.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 28.04.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 29.04.2015 година.