Македонски Телеком оствари добивка од 1,3 милијарди денари за девет месеци

26

Македонски Телеком, во текот на деветте месеци од оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.310.813.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, добивката на компанијата имаше вредност од 1.159.237.000 денари.

“Нето добивката за првите девет месеци од 2018 година е зголемена за 16,8% (без ефектот од МСФИ 15) во споредба со истиот период од претходната година, додека нето добивката во согласност со МСФИ 15 е зголемена за 13,1% и изнесува 1.310.813.000 денари. Имплементацијата на МСФИ 15 имаше ефект на нето добивката односно резултираше во негативен ефект од 42.850.000 денари вклучувајќи го позитивниот ефект на одложени даноци во износ од 3.029.000 денари“, сто во Образложението за работењетo на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2018 година, изнесуваа 7.768.578.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 7.290.922.000 денари, а остатокот од 477.656.000 денари е остварен на пазари во странство.