Отворени нови работни места, инвестиции и раст за Индо Минерали и Метали

30

Индо Минерали и Метали е препознатлива компанија која со својата корпоративна цел по која се води, создава работни места и просперитет за популацијата.

“За време на овие осум години, проектите во рудниците Злетово и Тораница во Македонија пораснаа и може да се пофалиме со квалитет на менаџментот од светски ранг, а како дополнителен доказ за тоа, поседуваме и сертифицирање за три меѓународни менаџмент стандарди (квалитет, животна средина, како и здравје и заштита на работното место). Преку овој проект сме во можност да направиме значителен придонес кон развојот на македонската економија. Истовремено, активно го поддржуваме развојот на локалната заедница, со цел одржлива иднина“, изјавија од компанијата.

За време на овој период, Индо Минерали и Метали генерираа голем број на бенефити за Македонија, и со гордост ги наведуваат следните: за осум години отвориле 1.000 директни работни места, направија значителни капитални инвестиции, придонес кон платите на работниците, пензиски и здравствени фондови од над 800 милиони денари, поддршка за надворешни изведувачи и обезбедувачи на услуги од повеќе од 500 милиони денари, плаќања на авторски права од над 200 милиони денари, генерирање на приходи од размена со странство во вредност од над 6.300 милиони, до денес нема распределба на дивиденда, целиот приход е реинвестиран назад во национални средства, помагаат кон градење на посилни заедници, иновативна технологија, како и имплементирање на светски водечки безбедносни и нови практики, со цел намалување на влијанието врз животната средина.

Од компанијата беше побарано да ги презентираат нивните пионерски иницијативи и вештини во развојот на рударски операции од светски ранг на Рударската конференција во Турција – Евроазија 2015.

Рударскиот настан Турција – Евроазија ќе ги спои на едно место водечките експерти во Европа за меѓународни истражувања на минерали, рударство и инвестиции. Настанот ќе привлече топ менаџери од најеминентните рударски компании. Индо Минерали и Метали ДООЕЛ со задоволство прифатија да презентираат на овој настан. Владини функционери исто така ќе земат учество, со цел да ги нагласат иницијативите за странски инвестиции и можностите за истражување на минерали од регионот на Турција, Кавказ и Централна Азија.

Пред Индо Минерали и Метали, рудниците Злетово и Тораница беа затворени три години. Индо Минерали и Метали се горди што ги вратија во живот средствата во регионите на Крива Паланка и Штип, кои претходно страдаа од висока невработеност.