Пораст на продажните цени на индустриските производи на домашен пазар во август

17

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во август се повисоки за 0,2% на месечно ниво, односно за 0,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2016, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, Енергија за 0,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.

Во август 2016, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 6,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4%, Енергија за 1,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.