Се намалуваат каматните стапки за субвенциониран станбен кредит

12

Собранието ги донесе измените на Законот за субвенционирање станбен кредит со кои се намалуваат каматните стапки за граѓаните.

Каматната стапка од 4,99% се намалува на 3,95% за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5% на 4,44% за четвртата и петата година за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

“Кај вториот модел субвенционирање на дел од учеството според кој Владата плаќа 50% од учеството потребно за добивање кредит за стан, односно 75 % за куќа, каматната стапка ќе биде шестмесечна, плус 4,5 процентни поени за сето времено траење за исплатата на кредитот“, рече заменик – министерот за финансии, Ардиан Џеладини.

Се очекува измените позитивно да влијаат на обезбедувањето поволни услови за решавање на станбеното прашање на граѓаните.