Што е грејс период?

7548

pesocen-casovnik-pixabay

Фото: Pixabay

Грејс период претставува временско одложување на одредена финансиска обврска, обично за долгорочен кредит. Овој поим го опфаќа периодот од моментот кога банката го исплаќа кредитот до уплатата на правата рата од страна на корисникот.

Најчесто банките овозможуваат грејс период на долгорочните кредити наменети за инвестициони потфати. Банката, на пример, може да му одобри грејс период на претприемач кој со парите од кредитот реализира одредена инвестиција, за којашто е неопходно одредено време за да почне да ги дава првичните резултати. Должината на грејс периодот зависи од намената на кредитот, финансиската способност на претприемачот и моментот од кога се очекува инвестицијата да дава позитивни резултати.

Додека трае грејс периодот, корисникот на долгорочниот кредит нема обврска да отплаќа дел од главнината, туку само каматата на месечно ниво. Каматата што се пресметува додека трае грејс периодот се нарекува интеркаларна камата и таа би требало да биде пониска од каматата што ќе се пресметува во текот на периодот на отплата на кредитот.

Користењето на грејс период, освен што има предности, постојат и одредени недостатоци. Грејс периодот ја зголемува месечната рата, будејќи во пократок временски период ќе треба да се отплати долгот. Од друга страна, грејс периодот не го поскапува кредитот, туку само го скратува периодот на отплата на главнината.