Скок на индустриското производство од 2,5% во декември

69

Индустриското производство во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемено за 2,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,1%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,6% и Капитални производи за 1%.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, е намалено за 9,5%.

Фото: Freepik