Стокхолм би можел да добива енергија од луѓето кои пребаруваат на интернет

18

data-centar

Жителите на Стокхолм би можеле да добиваат електрична енергија од луѓето кои пребаруваат на интернет, пишува Fast Company.

Градот, што веќе соработува со неколку партнери, планира да ја користи за греење енергијата што ја ослободуваат дата центрите. Еден дата центар од 10 мегавати може да произведува доволно топлина за 20.000 домови.

Серверите што функционираат во дата центрите ослободуваат голема количина на топлина. За да се одржува потребната температура, овие центри трошат многу електрична енергија што создава големи трошоци и ја загадува околината. Проценките покажуваат дека дата центрите трошат исто толку енергија колку и авиоиндустријата.

Иницијативата на Стокхолм го носи името Stockholm data parks, чија визија е енергијата што ја ослободуваат дата центрите да не се троши залудно, туку да се искористи на вистински начин.