Стопанска банка со добивка од 1,8 милијарди денари за девет месеци

21

stopanska-banka

Стопанска банка во текот на деветте месеци од 2017 година прикажа добивка од 1.881.167.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката пред оданочување заклучно со 30.09.2017 година изнесува 1.881.167.000 денари, што е повеќе за 1,4% споредено со истиот период од минатата година“, стои во Анализата на финансиските резултати на банката.

Приходите од камати, како што се наведува во Анализата, изнесуваат 3.341.505.000 денари и истите се пониски за 0,7% во однос на третиот квартал од 2016 година.

Нето приходите од провизии и надомести забележаа пораст од 4,6% како резултат на провизиите за скоро 4% и истовремено намалување на расходите за провизии за 2,8%.