Трговски дефицит од 1.116.110.000 евра од јануари до август оваа година

18

Трговскиот дефицит во периодот од јануари до август оваа година, изнесува 1.116.110.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – август 2015 година, изнесува 160.089.953.000 денари, изразена во долари 2.889.817.000 долари, односно 2.599.025.000 евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари – август 2015 година, изнесува 228.838.749.000 денари, изразена во долари 4.128.421.000 долари, односно 3.715.134.000 евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2015 година, изнесува 68.748.796.000 денари, изразен во долари 1.238.604.000 долари, односно 1.116.110.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2015, е 70%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.