Централна кооперативна банка планира оваа година да ја заврши со добивка од 704.000 денари

25

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка планира 2017 година да ја заврши со добивка од 704.000 денари, покажува проектираниот биланс на успех во рамки на Финансискиот план за 2017 година.

Минатата 2016 година, банката ја заврши со добивка во висина од 1.262.000 денари.

За тековната 2017 година, од банката проектираат нето приходите од камати да бидат на ниво од 244.524.000 денари. Нето приходите од провизии и надоместоци планирано е да достигнат 94.218.000 денари.

Главни цели на банката за оваа година се: одржување висок квалитет на кредитното портфолио; пораст на нето кредитите за 13%, зголемување на вкупните депозити за 10%; одржување на задоволителен степен на ликвидност; одржување на ризичните позиции во рамки на лимитите утврдени од НБРМ; остварување поврат на просечната актива од околу 0,008%; остварување поврат на просечен капитал од околу 0,06% и учество на оперативните трошоци во вкупните приходи од 89%.