ТТК Банка првото полугодие го заокружи со добивка од 8,8 милиони денари

13

ttk-580x399

ТТК Банка во првото полугодие од 2016 година прикажа добивка од 8.832.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката оствари добивка во висина од 3.022.000 денари.

“Внимателниот пристап на банката при кредитирање на секторот нефинансиски друштва и зголемената кредитна активност во делот на населението, како и намалените расходи за камата (преку трендот на намалување на пасивните каматни стапки), влијае нивото на нето приходите од камата да бележи мала надолжна промена од 2,1% во однос на минатата година. Планираните нето приходи од камати се остварени со 96,4%“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од камата во првите шест месеци 2016 година изнесуваа 133.113.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 135.902.000 денари.

“Континуираната понуда на кредитни производи со конкурентни и атрактивни услови, одржување на стабилно ниво на нето кредитите на комитентите споредено со истиот период лани, зголемената работа на платните промети, како и доброто управување со трошоците влијаеја позитивно на реализацијата на планираното ниво на нето приходи од провизии и надоместоци за услуги од 92,2%. Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во првото полугодие од годината изнесуваат 72,1 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 7,8%“, стои во Коментарот.