УЈП: ДДВ обврзниците да ја поднесат пријавата пред 25-ти април

0

Фото: Pixabay

Во текот на месец април, покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ обврзници, се одвиваат активности за поставување на предпополнета Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на личните корисничките профили на даночните обврзници (физички лица).

Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци.

За таа цел, од Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници да ја поднесат Пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.04.2019 година.