Ветекс од Велес со добивка од 8,2 милиони денари заклучно со крајот на септември

42

veteks-veles

Компанијата Ветекс од Велес, во периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 8.290.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 7.081.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, изнесуваат 195.245.000 денари. На домашен пазар реализацијата достигна 114.082.000 денари, а остатокот од 81.163.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на предиво и конец.