РЖ Интер Траншпед од први јануари до 31-ви март оваа година работеше со загуба од 6.435.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Првото тримесечје од 2015 година, компанијата го заврши со загуба од 4.011.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 годин беа 7.859.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 12.215.000 денари.
РЖ Интер Траншпед е компанија за обезбедување транспортни услуги во копнениот и железничкиот сообраќај. Исто така, компанијата врши и други дејности како што се: шпедиција, товарање и истоварање на стока, логистички услуги, изнајмување на транспортни средства и други транспортни услуги.