Загуба од над 254 милиони денари за ФЗЦ 11 Октомври од Куманово

24

11 oktomvri kumanovo

Загуба од 254.270.000 денари прикажа компанијата ФЗЦ 11 Октомври од Куманово, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, загубата на компанијата била на ниво од 513.623.000 денари.

Вкупните приходи од продажба беа на ниво од 316.996.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 83.260.000 денари, додека поголемиот дел од 233.736.000 денари се остварени на странски пазари.