Зголемени девизните резерви во август

18

evra 1234

Вкупните девизни резерви на крајот на август имаа салдо од 2.676.600.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно, вкупните девизни резерви изнесуваа 2.588.200.000 евра, што е за 88,4 милиони евра помалку во однос на август 2016-та. Во текот на август минатата година, државните резерви имаа вредност од 2.177.700.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви отпаѓаат на хартии од вредност, чиј износ во август беше 2.091.600.000 евра или за 20,3 милиони евра повеќе во однос на крајот на јули. Вкупните хартии од вредност во август минатата година достигнаа 1.722.700.000 евра.

Земјата во август располагаше со валути и депозити со износ од 322.600.000 евра, додека еден месец претходно тие беа пониски за 72,9 милиони евра.

Монетарното злато на крајот на август вредеше 257.600.000 евра или за 4,8 милиони евра помалку во однос на јули 2015-та.