Анализи

Картичките, без разлика дали се кредитни или дебитни, сè повеќе се користат во Македонија.
Најбогатите луѓе во светот, што чинат 1%, располагаат со поголемо богатство одошто остатокот од светот заедно, покажува извештајот на организацијата Oxfam.
Се проценува дека најмалку 5.000 луѓе во Македонија живеат или ги дополнуваат своите приходи со собирање отпад од пакување. Тоа се најчесто социјално - загрозени граѓани, за кои таквата активност е единствен извор на приход и егзистенција за нивните семејства.
Креаторите на 9% од проектите што се дел од глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, не ги испорачуваат ветените награди на своите поддржувачи.
Аналитичарите предупредуваат дека набрзина склучените корпоративни бракови кои се чини дека се блажени во добри финансиски времиња, можат да завршат со солзи и долгови.
За да се собере првата милијарда долари инвестиции беа потребни четири години и 10 месеци, но за втората милијарда долари беа доволни само една година и седум месеци.
Водечката позиција ја зазема Словенија, а веднаш зад неа е Србија. На трето место се најде Хрватска, а Македонија е една позиција подолу.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека на едно тричлено семејство во Цирих му се потребни преку 3.600 долари месечно за живот, базирајќи се на потрошувачка кошничка од 122 производи и услуги, во која не влегуваат трошоците за изнајмување на стан.
Извршните директори на 100-те најголеми компании на Лондонската берза во просек заработуваат 183 пати повеќе од обичните работници со полно работно време, стои во истражувањето што го спроведе центарот High Pay.
Економските трошоци од катастрофите се помали, но данокот во човечки жртви е поголем. Во првата половина од оваа година, катастрофите однеле околу 18.000 човечки животи.
Земјите од Азија во 2014 година привлекле околу 70% од вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во светот, додека инвестициите во земјите во развој бележат пад.
Загрижувачки податок од истражувањето е дека половина од иновативните активности или проекти отпочнати во периодот помеѓу 2010 и 2013 година биле напуштени во почетната фаза на реализација или пак биле сериозно одложени.
Најниската минимална плата во Европската унија е во Бугарија, каде што во јануари била 184 евра, додека највисока е во Луксембург – 1.923 евра, покажуваат податоците на европската статистика.
Словенечките стартапи главно се фокусирани на здравствени услуги, медиуми и мобилни апликации. Староста на претприемачите во стартапите е меѓу 25 и 35 години.
Кај претпријатијата во државна сопственост, просечната плата била меѓу 17% и 21% повисока во споредба со приватниот сектор, во зависност од разгледуваната година.
Спорен анализата на Бугарската народна банка (БНБ), 77% од бизнис кредитите се наоѓаат во пет индустрии - трговија, преработувачка индустрија, градежништво, недвижности и хотелиерство.
Покажете, не зборувајте. Наједноставната и најмоќната работа што мора да ја научите во маркетингот, велат експертите најавувајќи ги трендовите за 2015 година.
Освен тоа што Русите се обидуваат да се ослободат од девалвираната валута, оваа економска ситуација стана вистински магнет за купувачи од соседните земји.
Работењето во заеднички канцеларии, што е веќе норма во европските држави, кај многу вработени предизвикува незадоволство.
Според едно ново истражување битните животни одлуки не треба да се донесуваат со полн желудник, затоа што кога сме гладни способноста за да одлучиме правилно е значително поголема.
Малите и средни претпријатија од 2008 до 2012 година го зголемиле извозот за преку една милијарда евра, додека големите во истиот период го намалиле за повеќе 520 милиони евра.
Словенија од земјите од поранешна Југославија е единствена со суфицит во трговската размена со странство и тоа 102%, што значи дека извозот е 2% повисок од вкупниот словенечки увоз.
За разлика од претходната 2012 година, кога СДИ беа во вредност од 72.000.000 евра, забележан е пораст кај вложувањата од странство во нашата земја.