Компанијата Скопски пазар во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 41.415.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Понудата за преземање на акции од Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје што ја даде Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт Скопје се утврди за успешна.
Акционерското друштво Македонски Телеком, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 964.842.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво Витаминка од Прилеп во билансот на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 88.649.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Акционерското друштво Конфекција Герас Цунев од Струмица во изминатите девет месеци од оваа година работеше со добивка во висина од 7.757.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех.
Акционерското друштво Струмица Табак од Струмица за период од први јануари до 30-ти септември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 4.255.000 денари.
Стопанска банка во период од први јануари до 30-ти септември оваа година прикажа добивка во висина од 1.604.467.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа, оствари вкупна сеопфатна добивка од 24.799.000 денари, за девет месеци, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво Жито Полог од Тетово за девет месеци оваа година работеше со загуба од 10.088.000 денари, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех.
Собранието на акционери на Македонски Телеком донесе предлог Одлука за распоредување на дел од акумулираната добивка во износ од 1.240.660.224 денари, објавена на Македонска берза.
Комерцијална банка оствари позитивен финансиски резултат од 316,7 милиони денари во период од први јануари до 30-ти септември.
Нето добивката заклучно со 30.09.2015, како што се наведува, е повисока за 52,8% во однос на истиот период лани.
Компанијата Пекабеско Ад Кадино во првите девет месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 76.688.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Интерпромет од Тетово во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.587.000 денари.
Фруктал Мак АД оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.975.000 денари во период од 01.01. до 30.09, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Македонска берза и бизнис магазинот Економија и бизнис организираат заедничка дебата на тема Време на ниски каматни стапки.
Од понудените 25.960 сопствени обични акции, продадени се вкупно 25.960 сопствени обични акции, во вкупен износ од 14.174.160 денари, со што јавната понуда е 100% реализирана.
Во просториите на Берзата вчера се одржа првиот Отворен ден, на кој што заинтересирани лица се запознаа со улогата и начинот на којшто функционира Берзата, нејзината институционална поставеност, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност.
Акционерското друштво Мода од Свети Николе, во период од 01.01. до 30.09. оствари загуба од редовно работење пред оданочување во висина од 24.139.000 денари.
Собранието на акционери на друштвото за производство на хартија и амбалажа Дуропацк донесе одлука за промена на називот на компанијата.
Првиот отворен ден ќе се одржи на 21-ви октомври, среда, со почеток во 11 часот.
Компанијата Макпромет од Штип прикажа вкупна сеопфатна добивка од 12.317.000 денари во период од 01.01. до 30.09. оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Акциите на Комерцијална банка со вкупно 123 трансакции зафати најголем дел од прометот (24,24%) на официјалниот пазар. Со 170 трансакции, акциите на Алкалоид зафатија 22,19% од прометот на официјалниот пазар.
Светскиот финансиски магазин Global Banking Finance на Стопанска банка Битола ѝ ја додека престижната награда за најдобра retail банка во Македонија за 2015 година.











