Истанбулската берза (Borsa Istanbul) и американската Nasdaq OMX Group потпишаа договор за партнерство според кој американската компанија ќе и обезбеди на турската страна технологија потребна да се развие во регионален финансиски центар.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое трајно се одзема дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Акциите на вупно 26 компании денес ќе бидат котирани на Македонскиот пазар на хартии од вредност.
Турхан претходно изјави дека Берза Истанбул преговара за склучување партнерство со Лондонската берза, NYSE Euronext, Nasdaq и германската берза (Deutsche Bourse).
Во Македонската берза денес ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата, со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.
Борса Истанбул ќе преземе 30% од Црногорската берза, а заинтересирани се да купат удел и во Белградска берза. Турците имаат намера да ги поврзат сите берзи во регионот.
Македонска Берза АД Скопје, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 9 мај во хотелот Александар Палас во Скопје ќе организираат заедничка Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013.
Досега во Македонска берза се пристигнати неколку барања за задолжителната котација. Крајниот рок за доставување на барањата на компаниите е 30 април, а се очекува најголемиот дел да пристигнат во последните денови.
Владата ја усвои Информацијата за продолжување на рокот по Јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД, Прилеп.
Извештајот за финансиското работење во првите три месеци, оваа компанија треба да го објави следната недела, а резултатите би можеле да бидат под очекувањата на аналитичарите.
Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија соопшти дека Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје доби дозвола да дејствува и како покровител при котација.
Распродажбата на златото започна во петокот поттикната од успорувањето на кинескиот раст кој укажува на веројатно глобално успорување.
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец, поради откривање доверливи податоци би можел да се најде на удар на Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност.
Виенска и Варшавска берза ја разгледуваат можноста за спојување, чиј резултат би бил единствена платформа за пласман и тргување со акции на земјите од централна и источна Европа.
Виена Иншуренс Груп АГ Wiener Versicherung Gruppe ја презеде Кјуби Македонија АД Скопје и се стекна со 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635% од вкупниот број на акции со право на глас
Градежниот институт Македонија АД Скопје доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.
Ситуацијата во Кипар утрово предизвика остар пад на цената на акциите на европските берзи, особено во банкарскиот сектор, затоа што радикалниот план на Европската унија за спасување на оваа земја ги наведе инвеститорите да се повлечат од пазарот.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде согласност на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.
На последната седница на Комисијата за хартии од вредност Комерцијална банка доби согласност да стекне акции во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, чиј вкупен кумулативен износ надминува 50%.
Московската берза своите акции планира да им ги понуди на големите институционални инвеститори, но и на мали инвеститори од Русија и странство. Извори блиски на Московската берза велат дека во јавната понуда ќе бидат околу 500 милиони долари акции.
Согласно со одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори.
Стопанска банка Битола стана сопственик на 9,4% од акциите во скопската кондитерска индустрија Европа. Продавачи на акциите се фирмите на Јовица Стефановиќ – Нини, Вет фарм трејд и Јака 80.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде одобрение за организирање на Илирика Кеш Фонд да биде новиот отворен инвестициски фонд.
На вчерашната седница, Комисијата за хартии од вредност изададе одобрение на Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на живот Скопје, за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда.