Цените на акциите на азиските берзи во средата паднаа на најниско ниво во пет месеци поради загриженоста на инвеститорите за слабеењето на индустриските активности во најсилните светски економии. Покрај ова, инвеститорите стравуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) нема да биде доволно агресивна во сузбивањето на должничката криза.











