Хитроу, најзафатениот аеродром во Европа планира да откаже најмалку 10% од денешните летови, откако беа приземјени 260 авиони. Во Франкфурт беа приземјени 294.
Популарниот козметички бренд Нивеа ќе го менува графичкиот дизајн на производите за нега на лице и тело и ќе им се врати на визуелните корени – бели букви на син круг.
Европските парламентарци усвоија нови правила за тоа кога и како кредитните агенции можат да ги оценуваат државните долгови и финансиското здравје на приватните компании.
Проекти на ЕУ за ефикасно користење на енергија се изложени на критика како “неисплатливи”, по ревизијата спроведена во неколку земји. Проверувани се проекти во Чешка, Италија и Литванија, земји кои во периодот од 2007 до 2013 година добиле најмногу пари.
Медиумската група WAZ (Westdeutsche Allgemeine Zeitung) најави затворање на сите локални редакции на регионалниот дневен весник Westfälische Rundschau (WR) и отпуштање на 120 новинари и уредници.
Падот на индустриското производство во еврозоната и Европската унија успори во ноември, покажуваат податоците на Евростат.
На банкнотата од пет евра, која во еврозоната ќе биде пуштена во мај, ќе биде печатен текст и на кирилица.
Топ менаџерите на телекомуникациските компании во рамките на Европската унија разговараа за создавање на пан-европска инфраструктурна мрежа. Целта е да се обединат фрагментираните национални пазари на континентот, пишува Фајненшал тајмс.
Владите на Италија и Швајцарија подеднакво ќе поделат 13,8 милиони евра запленети од мафијашката организација Camorra од јужноиталијанскиот регион Кампања.
Француско-холандската авиокомпанија Air France – KLM е во напреднати преговори за преземање на италијанскиот авиопревозник Alitalia до крајот на ова лето, јавуваат италијанските медиуми.
Поради силниот франк, скапите швајцарски скијачки центри станаа уште поскапи, па скијачките терени сред сезона се скоро празни.
На својата Facebook страна Шкода објави план според кој во новата година на купувачите ќе им понуди шест нови модели автомобили
Италија ја блокираше употребата на кредитни и дебитни картички во Ватикан поради нетранспарентно работење. Од оваа година туристите за влезници во музеи, сувенири или било што друго ќе мораат да плаќаат во готово.
Германија се врти кон обновливи извори на енергија како ветер и сонце, што ќе чини 300 милијарди евра. Според некои наводи, 2013 година би требало да биде година на зелената енергија, особено во Европа.
Португалскиот претседател Анибал Кавако Силва во својот новогодишен говор изјави дека овогодишниот контроверзен буџет ќе го прати пред Уставен суд.
Доколку Европскиот парламент го прифати барањето на европските лозари, забраната за садење на нови лозови насади би можела да биде продолжена и по 2015 година, до крајот на 2018.
Рецесијата и невработеноста во 2012 година турнаа милиони Европјани во сиромаштија, стотици илјади во емиграција, а кризата не ја заобиколи ниту средната класа.
Словенија од белгиската банкарско – осигурителна група KBC ќе ги откупи нејзините 22% акции од Нова Љубљанка Банка (NLB). Цената е договорена од едно евро по акција, што е вкупно 2,77 милиони евра, објави словенечкото министерство за финансии.
Сијалиците со влакно од волфрам, настанати кон крајот на 19. век, на 31 декември ќе бидат повлечени од продажба во Европската унија и ќе бидат заменети со штедливи.
Франција повеќе нема да им дава финансиска помош на имигрантите, вклучувајќи ги и Ромите од Романија, што беше барање на Европската унија, изјави францускиот министер за внатрешни прашања, Мануел Валс.
Руската државна железница е заинтересирана за купување на најголемиот бугарски превозник во товарниот железнички сообраќај, Бугарски државни железници – Товарни превози.
Новиот Audi A3 1.4 TDI Sportback и A7 3.0 TDI се автомобили со најголема вредност во своите класи. Тие ја носат титулата "Шампион според вредноста за 2013 година", која списанието Auto Bild ја доделува секоја година.
Моделите кои треба да излезат до 2016 година варираат од мали возила Б-сегмент, до луксузни Е-сегмент, како и новиот Spider кој во моментот се развива во соработка со Мазда.
Новата јахта на основачот на компанијата Apple, Стив Џобс, не може да ја напушти Холандија каде што е изградена поради спор околу неисплатен долг на дизајнерот.