Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година. За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.
Полската влада започна преговори со италијанскиот концерн Фиат да се откаже од намерата да отпушти 1.500 работници во фабриката на југот на Полска. Еден од предлозите е работниците наместо полно, да работат скратено работно време.
Италијанска инвестициска компанија Инвестиндустријал ќе вложи 150 милиони фунти во британската Астон Мартин, за што ќе добие 37,5% од уделите во овој произведувач на луксузни автомобили.
Германската компанија Метро група го продаде својот синџир Real супермаркети во источна Европа на францускиот конкурент Auchan. Метро ги продаде своите 91 супермаркети кои се наоѓаат во Полска, Романија, Русија и Украина за 1,1 милијарди евра.
Групацијата Nestlé ја заврши аквизицијата на Pfizer Nutrition, компанија вредна 11,85 милијарди долари. Аквизицијата ќе го унапреди работењето на компанијата Nestlé во одделот на производство на детска храна.
Шведскиот текстилец H&M на купувачите што ќе донесат стара облека ќе им дава ваучери, но нивната вредност се уште не ја откриваат. Овој проект за рециклирање на облека засега ќе се спроведува само во Швајцарија.
Германскиот енергетски концерн RWE се откажува од учество во проектот за гасоводот Набуко. RWE својот удел од 16,1% ќе и го продаде на австриската компанија OMV, со што OMV ќе стане најголем акционер во Набуко, со сопственост од 33,3%.
Словачка се подготвува да ја укине единствената даночна стапка од 19%, па од следната година богатите, политичарите и претпријатијата ќе плаќаат повисоки даноци.
Поради сериозните проблеми, финскиот произведувач на мобилни телефони Нокиа ја продаде зградата во Еспо во која беше сместено седиштето, на финската Exillion Capital за 170 милиони евра.
Брзата пруга со должина од 57 километри која ќе минува низ Алпите, ќе ги поврзува Лион во Франција и Торино во Италија, а нејзината изградба ќе чини 26 милијарди евра.
Продажбата на нови автомобили во Франција стрмоглаво опадна за 19,2% во однос на претходниот месец, додека во периодот од 11 месеци годинава, заклучно со ноември, опаднала за 13,9%.
Германскиот канцелар Ангела Меркел, за прв пат досега не ја исклучува можноста да се отпише долгот на Грција за неколку години.
Европа не е многу позната по импресивни облакодери, но резултатите што ги објави Emporis се изненадувачки. Од десетте највисоки згради во Европа, пет од нив се наоѓаат во Москва.
Бројот на кредитни картички во Турција што ги користат поединци е зголемен за повеќе од двојно во последните четири години, според податоците на BDDK, национален банкарски регулатор.
Преговарачите од земјите членки на Европската унија постигнаа првичен договор за нацрт буџетот на 2013 година во вредност од скоро 133 милијарди евра, при што трошоците се зголемени за шест милијарди евра во однос на оваа година.
Европската централна банка (ЕЦБ) предложи еврокомесарот за заштита на пазарната конкуренција трајно да ја преземе задачата на ликвидација на слаби банки кои преживуваат главно благодарение на финансирањето преку централните банки.
Југоисточна Европа ќе почне значително да се опоравува економски од 2014 година, а до тогаш следува мал стопански раст, оцени Питер Санфеј, економист на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Се очекува турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines (THY) да побара компензација од Boeing откако мораше принудно да слета во понеделникот поради дефект, пишува Zaman.
Директорот на Гаспром Алексеј Милер и трговскиот управник на крањската телекомуникациска компанија Комита, Аљоша Иванчич, потпишаа акционерски договор за основање нова компанија South Stream Telecom AG.
Италија планира драстично да ги намали трошоците на внесување на акциите на мали и средни претпријатија во берзанските котации.
Источна Европа е на добар пат да ја претекне Западна во производство на автомобили. Во време на криза на пазарите, местото на производство е важен фактор, а најголема предност на источна Европа се ниските трошоци на производство.
Министрите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договорија до 2020 година грчкиот долг да го намалат на 124% БДП. По 12 часа преговарање, министрите за финансии од еврозоната и ММФ најдоа заедничко решение, па во декември ќе почне да и се исплаќа финансиската помош на Грција.
Францускиот министер за обнова на индустријата, Арно Монтбур, за весникот Les Echos изјави дека повеќе не го сака челичниот гигант Arcelor Mittal во Франција и дека бара индустриски партнер кој привремено би го презел работењето на оваа група.
Волфганг Шојбле е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година, според изборот на The Financial Times (FT).











