Пониска цена за 4,69% за парно греење од денеска ќе плаќаат домаќинствата приклучени на системот на компанијата Балкан енерџи, а останатите нејзини потрошувачи за 16,60%.
Комерцијална банка оствари загуба од 139.568.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажуваат податоците од неконсолидираниот и невервидиран биланс на успех
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На денешната седница Советот на НБРМ заклучи дека домашната економија и натаму засилено закрепнува, во услови на ниска инфлација и зголемена кредитна поддршка од страна на банкарскиот сектор.
Бројот на работниците во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Брендирање на езерскиот туризам во Македонија, иницираше Mакедонскиот креативен бренд МУНУС со специјализирани ексклузивни подароци и сувенири, под слоганот All you need is love and the lake.
Витаминка е пример за добар работодавец е заклучокот од состанокот на раководството на Витаминка и Сојузот на Синдикатите на Македонија.
Почетокот на работата на модернизираната хидроелектрана Вруток денеска ќе го означи АД Електрани на Македонија.
Меморандумот е во насока на организирање обуки за бизнис заедницата и согледување на потребата и темите за нивна реализација.
Поддршката на кластерските здруженија се реализира со аплицирање проекти насочени кон нивно поврзување со универзитетите преку заеднички креирани проекти.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од 21 до 32 степени.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Домаќинствата што се приклучени на системот на Балкан енерџи груп од први август да добиваат сметки за парно пониски за 4,69%.
Во организација на Seavus едукативен и развоен центар од 01.09 до 05.09.2014 година ќе се одржи летна школа која го носи името SEDC Summer cool school - Pre - Academies Lectures.
Од Стопанскатата комора за туризам на Македонија соопштија дека со потпишувањето на Кодексот, Македонија е меѓу 40 земји во светот кој го потпишале овој докумет.
На новата платформа ќе бидат пренесени 21 институција со 110 податочни сета, кои претходно ги имаа отворено податоците во отворен формат и беа линкувани до централниот сајт за отворени податоци.
Стопанска банка АД Битола прикажа загуба пред оданочување од 60.080.000 денари во првите шест месеци од оваа година.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови се очекува дестабилизација на времето, проследено со пороен дожд, грмежи, ветер, силни електрични празнења и град.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во последните 15 години се вложени над 120 милиони евра во производни капацитети, технологија, информатички системи, кадар и знаење.
Во мај годинава просечната месечна исплатена нето-платата по вработен изнесува 21.483 денари и е за 0,9% повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6% од лани.
Владата донесе одлуки со кои се предвидува основање на две нови технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) во источна Македонија, од кои едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата кај Берово.