Комерцијална банка воведе нова поволност во однос на рокот на отплата на потрошувачкиот кредит до 10.000 евра со ЕУР клаузула, кој сега изнесува и до 10 години.
Семинарот се одржува во рамки на Регионалната академија за демократија во која членуваат седум невладини организации заедно формирајќи ја мрежата на политички школи кои работат под покровителство на Советот на Европа.
Акцијата што ќе започне во петок, 9 мај, а ќе трае до недела, 11 мај или додека траат залихите, ќе опфати намалувања од 10%, 20%, 30%, 40% и 50% на дел од производите од бела и црна техника, IT, мали кујнски апарати, телефони и друго.
Извозот во првиот квартал од оваа година, што изнесува 250 милиони евра, бележи пораст од 95% во однос на истиот период лани.
Телекомуникацискиот оператор ВИП соопшти дека во првиот квартал од годината бележи зголемување на пазарниот удел, при што добивката се зголемила, но приходите се намалени.
И третата кула како и првите две ќе биде висока 130 метри и уште 32 метри под земјата од кои осум метри се подземни гаражи, а 24 метри се темелните столбови. Има вкупно 716 столбови и секој е широк по еден метар.
Нискотарифниот авиопревозник Wizz Air, го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија
Компанијата Благој Ѓорев започнува со пласман на своите производи во Црна Гора, а поради зголемената побарувачка ќе го зголеми извозот и во Албанија.
Саемот, во организација на Центарот за кариера на УЈИЕ, претставува можност за заедничка средба и соработка на компаниите, институциите и студентите.
Руен инокс аутомобиле ќе го вработи целиот стручен кадар од поранешната индустрија Руен со цел да се раздвижи производството.
Француското Интернационално училиште во Скопје во четврток на осми мај во 10 часот ќе ги отвори вратите за сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик.
Трошоците на живот во април оваа година, во однос на претходниот месец, останале на исто ниво, додека цените на мало бележат зголемување од 0,1%
Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.
Нето добивката по оданочување, како што покажуваат податоците, оваа година во однос на претходната бележи зголемување за 6.845.000 денари, кога истата била само 936.000 денари
Хотелот Леон, кој има над 1.000 метри квадратни, располага со современи апартмани, ресторани и други угостителски содржини и туристички објект во близина на Дебарското езеро.
Црвеното вино Бела вода на Винарската визба Тиквеш од бербата 2012 доби високи 95 бодови од страна на Wine advocate и тимот на Роберт Паркер
Се што е потребно за стекнување право на учество во наградната игра е трансакција над 300 денари во трговската мрежа или e-commerce (електронска трговија) со VISA кредитна картичка од Стопанска банка.
Банките ги заостриле кредитните услови кај корпоративниот сектор во првиот квартал од оваа година, додека кај населението истите се олеснети
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Ивана Владкова Холар, од денеска до 19-ти мај престојува во Македонија.
Италијанската авиокомпанија Alitalia од вторник ќе сообраќа на директна линија Скопје-Рим. Првиот авион од Рим се очекува да пристигне во вторник попладне на аеродромот Александар Велики.
На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид претпладне ќе слета првиот од предвидените четири чартер лета со 186 австриски туристи.
Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово ќе имаат Спогодба за поттикнување на економската соработка.
Австриската агенција за односи со јавност Chapter 4 (Чептер 4) ја доби престижната САБРЕ награда Консултант на годината во регионот на централно – источна Европа во конкуренција на пет други компании.
Според Комисијата, солидниот раст на обемот на извозот, главно за сметка на странските објекти во земјата и опаѓање на увозот, обезбедило основа за зацврснато економско закрепнување во 2013 година.










