На овогодинашниот Меѓународниот саем за мебел, кој ќе се одржи наредната недела на Скопски саем, ќе учествуваат 160 директни изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.
Виното на винарската визба Тиквеш, Chardonnay Limited Edition, од бербата 2012, се закити со сребрен медал на светскиот натпревар Chardonnay du Monde 2013, каде се натпреваруваат најдобрите вина од светот од сортата шардоне.
Oд Министерството за транспорт и врски информираат дека огласот за изработка на физибилити-студија за развој на гасоводните мрежи низ Македонија е поништен бидејќи и двете понуди не ги задоволиле критериумите.
Макпрогрес доо од Виница во месец јануари оваа година забележа пораст на извозот за 32% во однос на 2012, а 63% во однос на 2011 година.
Првата индустриска зона Прилеп 1 вчера беше официјално пуштена во употреба преку поставувањето камен - темелник за изградба на печатница.
Престижното списение Global Finance, на Комерцијална банка АД Скопје и ја додели наградата за Најдобра банка во Македонија во 2013 година.
Телекомуникацискиот оператор Blizoo, од овој месец ќе нуди голем попуст за сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија), достапни за онлајн нарачка.
Во организација на Стопанската комора на Унгарија и Амбасадата на Република Македонија, вчера во Унгарија беше одржан Бизнис форум за презентирање на можностите за инвестирање и поширока економска соработка помеѓу Унгарија и Македонија.
Здружението на приватните медиуми на Република Македонија стравува дека дигитализацијата ќе биде голем трошок и можен крај за работата на многу телевизиските станици, кои нема да имаат доволно пари за опстанок на пазарот.
Министерството за финансии вчера исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци.
Производите на македонско-руската компанија Продис веќе се наоѓаат на македонскиот пазар.
Главниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Глигор Бишев преминува во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, каде ќе биде назначен за нов главен извршен директор и претседател на Управен одбор на банката.
Едномесечниот инстаграм фото конкурс, насловен како ONE Zimogram беше затворен вчера во Кафе Ли со изложба на најдобрите инстаграм фотографии и прогласување на победниците.
На отворените денови на Централниот регистар на Република Македонија, кои почнуваат од денес, граѓаните и правните субјекти ќе можат да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Со новата m-banking мобилна апликација, што вчера ја промовираше Стопанска банка, ќе може 24 часа да се вршат банкарски операции и плаќање во земјата и странство.
Според податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија изнесувало 948.125 лица од кои 657.849 се вработени, а 290.276 невработени.
Глигор Бишев заминува од местото генерален извршен директор на Стопанска банка.
ЕВН Македонија воведе нова услуга, е-фактура, преку која корисниците навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија и истите ќе можат навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.
Според Меморандумот за соработка, што денес во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва, се предвидува брокерски друштва да ги посетуваат земјоделците и да ги објаснуваат бенефициите од осигурувањето на посевите.
Според изјавата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, обесштетувањето на земјоделците од поплавите ќе почне веднаш штом заврши проценката согласно извештаите од теренски анализи која веќе е во тек.
На саемот за роботика, кој се одржа oд 12 до 16 март, учество земаа околу 60 домашни и 40 странски учесници, кои по петдневната обука имаа можност да ги покажат своите вештини пред македонската јавност.
Во индустриската зона Жабени, кај Битола, вчера беа пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица, чија инвестиција изнесува околу 1,8 милиони евра.
Компании од земјава, преработувачи на овошје и зеленчук, од денес ќе престојуваат во Стокхолм, Шведска, каде ќе ги претстават извозните потенцијали на Македонија
Турската компанија Суташ кој ја купи млекарата ЅWEDMILK ќе почне со производство во мај годинава и тоа на шест категории производи.