Комисијата за хартии од вредност ги повикува и сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлуки за инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги.
Деловните корисници кои ќе направат А1 Combo Business пакет имаат можност да добијат неограничен интернет и фиксна линија за кои промотивно нема да се наплаќа претплата во првите 6 месеци
Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,1%, а реално за 4,1%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 20,1%, а реално за 14,6%).
Северна Македонија учествува со 25% во гасната централа на природен гас во Александруполи со 800 мегавати, проценетата инвестиција од над 380 милиони евра, во гасниот терминал 10 % учество со вредност од околу 370 милиони евра
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - февруари 2021 година, во однос на периодот јануари - февруари 2020 година, е намален за 3,8%.
Берзата изврши бришење на издавачот Скопски пазар АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје. 
Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.
Документацијата за аплицирање за добивање на овие субвенции е детално дефинирана во Јавните огласи кои што се објавени во два дневни весника, како и на веб страната на Министерството за економија.
Менувањето на навиките на граѓаните, во услови на ограничено движење заради пандемијата, придонесе за висок годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 145%.
Во февруари 2021 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити, бележи минимален месечен пад од 0,01 процентен поен (п.п.) и изнесува 4,61%.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид - пасошите.
Здравјето на вработените, особено во услови на светска здравствена криза, е врвен приоритет за компанијата. Во таа насока, Алкалоид АД Скопје во 2020 година склучи договор за доброволно приватно здравствено осигурување за своите вработени, чија полиса е со важност и во претстојната 2021 година.
Оваа картичка овозможува поголема куповна моќ за клиентот нудејќи кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на клиентот, и без ограничување на лимитот во бројот на плати.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни: од 14ти до 17ти јуни, од 23ти до 25ти јуни, и на 30 јуни 2021 година.
Сите ние – претседател, премиер, министри и други државни функционери, да се пријавиме на сајтот на Министерството за здравство како секој друг граѓанин и кога ќе ни дојде редот, според предвидените категории, тогаш сите ние ќе се вакцинираме.
Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.144 денари по KWh.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри нов кредит од 2,5 милиони евра за Комерцијална банка кој е наменет за кредитирање на  малите и средните компании со цел да се поттикне нивната конкуретност.
Над 200 корисници на Huawei мобилни телефони кои од Huawei AppGallery ја имаат симнато апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк, се вклучија во предизвикот Halk...
Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2019 година изнесува 48.977.000.000 денари и во однос на 2018 година бележи номинален пад од 8,3%.
Се забележува зголемување на потрошувачката на производите за основна потрошувачка, односно прехранбените производи, како и на трајни добра за домаќинства
Кај обработливата површина во 2020 година, зголемување е забележано кај овоштарниците за 1,9%, а поголемо намалување од 2% е забележано кај лозјата.
Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите.
Француската агенција за развој, информираше регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, има годишен буџет од 14 милијарди евра и работи на 4.000 проекти во 115 земји во светот.
Овој чекор ќе придонесе за намалување на цената на финансирање на домаќинствата и претпријатијата преку кредитите од банките, заради полесно надминување на кризата.