Најголем број од барањата се од мали компании (1.368), по што следуваат микро компаниите со 999 кредитни барања, трговците поединци со 164 и занаетчиите со 52 кредитни барања.
Станува збор за кредити кај коишто, во основа, отплатата од страна клиентите е со одредено временско задоцнување.
Се работи за пет увози на тутун во лист од типот Вирџинија реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.
Грчката управа за цивилно воздухопловство (АЦВ) ги ажурираше мерките за домашни и меѓународни летови кон земјата и ги укинна ограничувањата на летовите од три соседни земји, Албанија, Северна Македонија и Турција.
Повеќе од 20 години прометот на нотарските услуги не е предмет на оданочување со ДДВ.
Пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2021 година.
На 28-ми март во два часот по полноќ започнува летното сметање на времето. Со поместување за еден час нанапред, времето во два часот ќе...
Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот.
На крајот на февруари, од вкупно 29 невработени доктори на науки, 12 се жени.
Проектот, како што информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, има за цел да го зајакне управувањето со јавните финансии и е насочен кон зголемување на буџетската транспарентност, зајакнување на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, подобрување на ефикасноста на системот на јавни набавки и подобрување на системот на заштита на финансиските интереси на ЕУ.
Академијата за јавни финансии, смета Бесими, ќе овозможи постојани обуки за вработените со цел да се создаде модерна администрација која ќе може да испорачува брзи и квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот.
акционерот Аце Антевски ги пренесе своите акции кои ги поседуваше во АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје на својата ќерка Трајкоска Владанка и на својот син Антевски Горан.
Развојот на информатичката технологија доведе до трансформации во многу сектори, вклучително и во банкарскиот. Причината за воведување на модерните комуникациски технологии во банкарскиот сектор...
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во  јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е зголемена за 2,7%.
Според резултатите од мониторингот, на секој трет трендер е доставена една или ниту една понуда, а најниската цена е користена во 96% од случаите како критериум за избор на најповолна понуда со што е задржан неповолниот тренд од претходната година.
Субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија е една од опциите која се разгледува за да се осигура дека парите кои...
Штерјова Душковска информира дека веќе е во фаза на изработка датабаза која ќе ги сумира клучните информации за условите неопходни секоја компанија што сака да влезе со своите производи или услуги на некој пазар, но и за вмрежување на компаниите
Па така, од вкупниот број на котирани компании, 69 оствари добивка, а само седум од нив во билансите на успех прикажаа добивка што надминува милијарда денари.
Една година претходно, 73 од котираните компании остварија позитивен финансиски резултат што тогаш изнесуваше 14.643.880.301 денар.
Групацијата официјално стана членка на основачкото тело на Европската зелена дигитална коалиција (EGDC).
По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата денеска одлучи да го продолжи полицискиот час и тој да биде во сила до 6- ти април.
Граѓаните лани во осигурителни полиси вложиле вкупно 507,4 милиони денари односно 8,25 милиони евра, а приватни компании и државните институции платиле 1,35 милијарди денари, односно 22,01 милиони евра.
Имено на компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, Банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поволни кредитни линии.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67 денари за литар, за истата количина гориво возачите на Еуросупер БС-98 ќе одвојат 69 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) во следните седум дена ќе биде 56,50 денари за литар.