Најуспешен е Кирил Чатлески од Прилеп кој во текот на повеќемесечното виртуелно тргување успеа иницијално добиените 500.000 денари да ги инвестира во различни акции и играта да ја заврши со највисока вредност на своето портфолио од 4.388.557 денари.
Цените на угостителските услуги во јуни 2017 година, во споредба со мај 2017 година, останаана исто ниво.
Во периодот јануари - мај 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Управниот одбор на винарската визба Тиквеш го именува Радош Вукиќевиќ за нов генерален директор на компанијата, кој стапува на функцијата од 03.07.2017 година.
Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.
Понудата за преземање се однесува на 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување АД Скопје (преземачот веќе поседува 44.164 обични акции, односно 73,38% од вкупниот број издадени акции со право на глас).
Централна кооперативна банка (ЦКБ) нуди можност за подигнување готовина од сите банкомати на банката без провизија.
НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредити за физички лица до 31.07.2017 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 11.07.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 12-ти јули.
Има намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и физички лица.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,8%, а реално за 7,3%).
Стопанска банка АД - Скопје воведе новитет на македонскиот банкарски пазар - TOPSI Pay - брзи плаќања со контактите од телефонот или со пријателите од Facebook.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (41,5%), потоа учеството на трошоците за управување со отпадни води (33,8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (8,7%).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 101.0.
Комерцијална банка АД Скопје известува дека во текот на летниот период, од 03.07 до 04.09.2017 година, експозитурите на Банката ќе имаат изменет режим на работно време.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 109.2.
Овошниот јогурт е достапен во четири вкуса: јагода, шумско овошје, вишна и кајсија.
Народната банка на Република Македонија, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија ја организира Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура: Двигатели на интеграцијата на плаќањата во Европа – иновации и соработка, којашто ќе се одржи во Охрид во периодот од 5 до 7 јули 2017 година.
Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава од над 300 Mbps за симнување. Тоа се должи на воведување на нова, најсовремена 4x4 MIMO технологија која е надградба на 4G.
25 годишното работење на Неуромедика, вчера вечер свечено и јубилејно се одбележа и прослави со отворањето на новата Неуромедика Болница, во центарот на Скопје. Директорот д-р Емил Угриновски лично на присутните им се заблагодари за присуството на овој голем и значаен ден.
Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.
Синдромот на компјутерски вид се дефинира како напрегнување на очите, серија на едноставни проблеми со очите и видот, поврзани со честата и подолготрајна употреба на компјутер.
Њуменс Бизнис Акцелератор потпиша договор за старт на соработка со Европската Вселенска Агенција - ESA и Француската Вселенска Агенција - CNES.