Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 47 денари за литар.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат: зголемени трошоци за материјали со 22,9%, нема побарувачка со 16%, нема ограничувања со 15,1% и зголемени финансиски трошоци со 11,3%.
Вкупната купопродажна цена што Пелагонија ќе ја плати за да стекне 100% од основната главнина на Здравје Радово е 12.630.000 евра.
Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.
ТТК Банка ги информира своите клиенти дека во текот на летниот период, од први јули до 31-ви август оваа година, дел од експозитурите ќе имаат изменет режим на работно време.
Во мај оваа година се издадени 241 одобрение за градење што е за 17,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната.
Трошоците на животот во јуни 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало порастот е 0,5%.
Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да бидат учесници на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа - DevPlay 2017.
Прва компанија што се стекна со правото на истакнување на основниот MAMFORCE Standard во Македонија е телекомуникациската компанија Вип.
Првите два пилот проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.
Загубата во работењето на компанијата во 2016 година, според одлуката, ќе се покрие со идната добивка предвидена за 2017 година.
Комората на стечајни управници на Република Македонија со свечена академија го одбележа 10-годишниот јубилеј.
Во рамки на ООУ 11-ти Октомври наскоро ќе почне да работи Дневен центар наменет за деца заболени од церебрална парализа во којшто ќе биде обезбедено згрижување за 40-тина деца на различна возраст од целата држава.
Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е - Барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Соработката меѓу училиштето и компанијата ќе се реализира на повеќе полиња од аспект на користење на расположливите ресурси и стекнатите искуства, а активностите ќе содржат презентирање на практично искуство и инструкции.
Со вкупно 126 трансакции и 17,61% учество во прометот на прво место се акциите на фармацевтската компанија Алкалоид.
Износ од 83.264.456 денари распореден во добивка наменет за реинвестирање, како што се наведува во одлуката, да се користи во 2017 година за вложувања во инвестиции.
Секогаш носам заштитен шлем кога возам мотоцикл е пораката што со најновата активност ја испраќа кампањата Јас внимавам посветена на поголема безбедност во сообраќајот, што компанијата Окта со поддршка на МВР ја започна годинава
Станува збор за ненаменски кредит при што по одобрувањето средствата се веќе на располагање на трансакциска сметка на корисникот во банката.
Нето загубата во износ од 9.669.287 денари остварени во деловната 2016 година се пренесува во акумулирана загуба од претходните години.
УЈП информира дека вршителите на авто – такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување со 31-ви декември 2017 година.
Во Хидроелектраната Шпилје во првите шест месеци од годинава произведени се 69 милиони киловат часови електрична енергија.
По завршување на летната школа Биди банкар на Охридска банка Сосиете Женерал, сите учесници ќе добијат сертификат за учество во школата.