Жито Караорман од Кичево, од јануари до декември лани, оствари 858.000 денари добивка, додека истиот период во 2015 година, таа изнесуваше 832.000 денари.
Во однос на големината, во 2015 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,4%), од кои најголем дел се од областа на трговијата.
Компанијата за товарен патен транспорт, ЖАС од Скопје, 2016 година ја заврши со загуба од 12.530.000 денари.
Бројот на работници во индустријата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,4%.
РЖ Институт од јануари до декември лани оствари загуба од 16.141.000 денари, додека една година претходно таа беше на ниво од 58.819.000 денари.
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.
Компанијата Единство од Струмица, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа 33.000 денари вкупна сеопфатна добивка.
Производната индустрија Благој Ѓорев од Велес, од јануари до декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка од 541.000 денари.
Од први јануари РКЕ ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифите на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанствата коишто се производители на сурова вода во општините со над 10.000 жители, а од први јануари 2019 година за сите општини.
Фондот за иновации и технолошки развој го отвори аплицирањето за дводневната практична работилница со цел подобра подготовка на предлог проекти.
Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари загуба од 1.689.000 денари. На крајот на 2015 година, компанијата прикажа загуба од 4.149.000 денари.
Стапката на невработеност во последното тримесечје од 2016 година е 23,1%.
Угостителската компанија УТТ Македонија, во чии рамки влегуваат хотелите Епинал и Широк сокак од Битола, 2016 година ја заврши со добивка од 3.568.000 денари.
Вкупна сеопфатна добивка за Макошпед од 11.401.000 денари, од први јануари до 31-ви декември 2016 година.
ПроКредит Банка, во соработка со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) нуди можност за полесен пристап до финансии за мали и средни претпријатија, преку две гарантни шеми: InnovFin и гарантна шема поддржана од Фондот за гаранции на Западен Балкан.
Прехранбената компанија Витаминка, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 21.396.000 денари.
Во јануари се издаде 368 одобренија за градење, што е за 39,9% повеќе во однос на истиот период лани.
Технолошкиот парк SEEU TechPark, којшто е лоциран во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, воведува нова услуга за стартапи и бизнис во експанзија – Вреднување на компанија.
Новата платформа – ОБСГ Нет, им нуди можност на компаниите на едноставен, брз и пред сѐ безбеден начин, да управуваат со нивните денарски и девизни сметки, во било кое време, каде и да се.
До вчерашниот ден граѓаните имаат поднесено 182 барања кои моментално се во фаза на разгледување, а комисијата почна со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени набавените печки на пелети.
Вкупните девизни резерви заклучно со 28-ми февруари достигнаа 2.563.000.000 евра, што е за 5,9 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец.
Заклучно со четврти март, поднесени се вкупно 216.695 даночни пријави, од кои 1.039 се поднесени по електронски пат.
Kuehne + Nagel групацијата повторно постигна профитабилен раст со постигнување на нови рекордни износи во однос на годишните приходи во износ од 720 милиони швајцарски франци.
Окта ја заврши 2016 година со значително висока профитабилност како резултат на зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар заедно со оперативните подобрувања во работењето.











