Хрватската фармацевтска компанија ПхармаС почна нова кампања за подигнување на свеста за здраво детство, насловена како Хранете се здраво за детство среќно и убаво, поддржана од ПРОБаланс.
Профитниот центар Фармација во Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со сертификатот ЕC за производите Прокулин солзи (PROCULIN® TEARS) и Прокулин солзи адванс (PROCULIN® TEARS ADVANCE).
Враќањето на нарушената доверба на јавноста е главниот предизвик пред којшто се исправени банките во следниот период, што во голема мера зависи од евентуалното конечно надминување на негативните ефекти од нестабилниот домашен амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.
Доколку се случи пад на температурите, грејната сезона може да започне порано од 15-ти октомври, а проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки.
Активата на банкарскиот систем, во вториот квартал од 2016 година, забележа пад од 1,5%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Во Македонија се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со којашто манипулираат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите.
Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации.
Главното извлекување од наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, ќе се одржи пред новоотворениот супермаркет Кит-Го во штипската населба Сењак, со почеток од 12.00 часот. Во извлекувањето ќе учествуваат сите досегашни и недобитни летоци од 12 града.
Промоцијата ќе се одржи на 30.09.2016 година на најголемиот настан во Македонија Маркетинг Кингдом, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје. Книгата ќе биде во продажба од 3-ти октомври 2016 година.
Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија во државна сопственост за нов претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ го именува Христијан Мицкоски.
Настанот ќе се одржи во сабота (1 октомври), во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот. Како што најавија организаторите на манифестацијата, заедно со симболичната прошетка за поддршка, годинава во рамките на Напред розово за првпат ќе се организира и хуманитарна трка.
Во организација на ЦЕЕД Косово, вчера во Приштина се одржа регионална Б2Б (business to business) средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија.
Сместен во срцето на Скопје, новиот Парк Хотел и Спа од денеска ги отвора вратите за сите со префинет вкус и желба за уникатни искуства.
Станува збор за персонализиран водич за патување, којшто на туристите им овозможува на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Google.
Медика Истанбул во Турција е препознатлива по прецизниот дијагностички скрининг и рано откривање на болести, а токму овие принципи на работа ќе се применува и во Тетово.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во август се повисоки за 0,2% на месечно ниво, односно за 0,3% на годишно ниво.
Народната банка на Република Македонија информира дека купувањето, односно инвестирањето од страна на резидентите физички лица во дигитални (крипто) валути, според регулативата во земјата, не е дозволено.
Македонската економија е 68-ма најконкурентна од вкупно 138 земји во светот, покажуваат податоците на Светскиот економски форум (World economic forum).
Охридска банка Сосиете Женерал воведува нова услуга во своето портфолио, мобилен токен М – токен.
Министерството за економија, по повод Светскиот ден на туризмот, додели признанија на 50 најуспешни претставници од туристичкиот сектор во земјава.
Растот во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од 2% во 2016 година, под влијание на намалувањето на инвестициите, меѓутоа потоа постепено ќе закрепне и ќе достигне 3,3% во 2017 година односно 3,7% во 2018 година.
Од 26-ти овој месец, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка чија тема оваа година е Штедење и хуманост.
Вкупната потрошувачка на енергенти, во јули оваа година, изнесува: 583 070 МWh електрична енергија, 11.751 мил. нм3 природен гас, 494.249 тони јаглен и 110.346 тони нафтени продукти.