Во претплатата на овој тарифен модел се вклучени неограничени разговори кон сите национални мрежи, 3 GB мобилен интернет и смартфон LG Optimus L1 II за 0 денари или попуст од 3.000 денари за телефон по избор на корисникот.
Стратешкото партнерство, што го потврди компанијата, ќе се реализира преку формирање ново друштво со ограничена одговорност во кое Филип Морис Интернешнл менаџмент ќе има учество од 51% во капиталот, а Тутунски комбинат Прилеп 49%.
Италијанската воздухопловна компанија Алиталиа најави дека од втори мај воведува нова директна меѓународна линија помеѓу Скопје и Рим
Откопот на руда, техничко-технолошкиот процес во флотацијата и производството на оловно-цинкови концентарти во Саса се одвива континуирано во текот на целото деноноќие, поради што е обезбедено и 24 - часовно присуство на лекар и друг медицински персонал.
Македонија и Бугарија мора повеќе да ја развиваат економската соработка, да остваруваат поинтензивна трговска размена, да креираат заеднички производ и да освојуваат трети пазари, се заклучоците од годишното собрание на Македонско - бугарската стопанска комора (МБСК).
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку две кредитни линии, одвои шест милиони евра за зголемување на конкурентноста и енергетската ефикаснсот, а истите ќе бидат пласирани преку НЛБ Тутунска банка.
За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година, како што соопштуваат од компанијата, на лозарите им се исплатени 360 милиони денари.
Македонија е петтата земја во светот која има кирилична верзија на национален домен по Русија, Србија, Казахстан и Монголија
Банката своите активности во Македонија ги извршува преку мрежа на две филијали и 29 екпозитури и продажни места.
Организирање на два бизниси - експо форуми за кредитирање на извозно ориентираните компании од Македонија и Бугарија, како и формирање заеднички инвестициски фонд за стимулирање на балкански продукт во освојувањето трети пазари, се двете приоритетни иницијативи на македонско- бугарската атопанска комора (МБСК)
Првата аукција беше организирана вчера кога се продавал недвижниот имот на компанијата Руен од Кочани
Сите заинтересирани инвеститори треба понудите да ги достават најдоцна до 14-ти мај оваа година, а електронското наддавање преку системот на електронски концесии, ќе се одржи на 19-ти мај
Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра која опфаќа обнова на пругата кон Грција
Корисниците кои ќе го обноват својот Вип постпејд договор на 24 месеци ќе имаат можност за претплата од 555 денари да добијат бесплатни неограничени разговори, СМС пораки кон сите мрежи и неограничен интернет, вклучени во претплатата.
Реален пораст од 0,5% е забележан кај трговијата на мало во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, бележи намалување од 3,8%, додека во периодот јануари-февруари оваа година, во однос на периодот јануари-февруари лани, се бележи зголемување од 10,1%
Во март оваа година, во споредба со истиот период лани, цените на тековно потрошени средства во земјоделството се намалени за 3,4%, а цените на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалени за 0,4%
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,7%.
Програмата и обуките ќе се спроведуваат по начинот на работа на Бизнис школата Ричард Ајви, односно преку интерактивно тимско работење на 8 реални примери
Харма фрут е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство, а своите производи ги пласира на пазарите во Европа, Блискиот Исток и Русија.
На ЦИЦГФ – 2014 се преставуваат извозни компании кои сакаат да реализираат пласман на нивните производи во Кина.
Преку европски практики и искуства до намалување на корупцијата на локално ниво, со цел постигнување поголема транспарентност и одговорност на локалната самоуправа.
Целта на работилниците од овој вид е да се мотивира и зајакне соработката помеѓу институциите во развојот на креативните индустрии
Готов производ наместо лон производство значи и поголема можност за конкурентност на странските пазари, сметаат претставниците од оваа индустриска гранка.