Групацијата на лифтови во рамки на Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора на Македонија (СКМ) бара пролонгирање на обврската за поставување заштита од неконтролирани движења во лифтовите.
Претставници од девет винарии од Македонија денеска во Амстердам одржуваат бизнис средби со увозни компании од Хорека, како и новинари од Холандија, дел од промотивните настани за македонско вино што ги организира Здружението Вина од Македонија.
Акционерското друштво Струмица Табак од Струмица за период од први јануари до 30-ти септември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 4.255.000 денари.
Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа.
Стопанска банка во период од први јануари до 30-ти септември оваа година прикажа добивка во висина од 1.604.467.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64 денари. За еден денар поевтино ќе се продава и литар Еуродизел (Д-Е V), чија нова цена е 49,50 денари.
Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија од стана на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје.
Од втори ноември започнува промотивната понуда - без надоместок за одобрување потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка и ќе трае до 31.12.2015 година.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса истите да ги платат во најкраток можен рок.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа, оствари вкупна сеопфатна добивка од 24.799.000 денари, за девет месеци, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Бројот на работници во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Комплексот Камник во Скопје ги отвори своите врати за снимање на 360° обиколка, така што од почетокот на неделава секој заинтересиран во светот, преку сервисот Google Business View, може со виртуелна тура да ги посети сите објекти на овој реномиран вински и угостителски бренд од Македонија.
За најиновативен HR менаџер на годината беше прогласена Искра Трајкоска од Лакталис МК. Наградата за најдобар HR есеј за 2015 ја доби Елица Перчинкова од Агенцијата за електронски комуникации.
Зголеменото користење на мобилни телефони, таблети и лаптопи предизвикува потреба од промена на начинот на кој брендовите комуницираат и се поврзуваат со своите постоечки и потенцијални клиенти.
Во трговијата на мало, во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 21%, реално за 1%).
Во четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани 40 краткометражни филмови и 7 филмови за деца во официјална конкуренција, избрани од пријавените рекордни 427 анимации од 56 земји во светот.
Современите објекти, лоцирани во скопската општина Гази Баба, се функционално поврзани, каде што е сместена линијата за асептичното (стерилно) производство на Вива природните овошни сокови, нектари и пијалаци и линија за полнење во PET амбалажа, како и останати производствени капацитети опремени со најмодерна технологија.
Акционерското друштво Жито Полог од Тетово за девет месеци оваа година работеше со загуба од 10.088.000 денари, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех.
Микропретпријатијата со помалку од 10 вработени опфаќаат околу 90,7% од вкупниот број, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ликвидноста на банкарскиот систем во септември се намали на месечна основа, покажува извештајот за најновите макроекономски показатели за период јули – септември на Народната банка на Македонија.
Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на инфо-деновите одржани во Кавадарци, Гевгелија, Берово и Скопје.
Заклучно со овие 40 стипендии, досега Фондацијата Трајче Мукаетов стипендираше 344 студенти по фармација и по медицина, од кои 124 студенти по фармација и 92 студенти по медицина веќе дипломирале.
Во првото тримесечје од 2015 година, 69,4% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за еден процентен поен повеќе во споредба со истиот период од 2014 година.
Собранието на акционери на Македонски Телеком донесе предлог Одлука за распоредување на дел од акумулираната добивка во износ од 1.240.660.224 денари, објавена на Македонска берза.