Нови 6.000 работни места се очекува да бидат отворени годинава во фабриките на странските инвеститори во индустриските зони во Македонија.
Фабриката за акумулатори само 5% од своето производство го пласира на домашниот пазар, а останатото 95% производство се извезува во земјите од западна Европа. Во 2014 година, Таб Мак очекува прилив на средства од 25 милиони евра.
Македонија успешно ги претстави своите туристички потенцијали на Саемот за туризам во Брисел, Белгија, кој се одржува од 6-10 Февруари, 2014 година, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Кај увозната облека има проблем со присуство на штетни хемикалии, особено во производите од Далечниот исток и Кина. Штетните хемикалии може да предизвикаат алергиски реакции, а некои содржат канцерогени својства.
Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро, како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја ангажираше International Finance Corporation (ИФЦ- Групација на Светска банка) да постапува како советник за Проектната трансакција.
Македонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред се за спа и велнес турзимот. Оваа одлука е донесена на 10-от состанок на Мешовитиот комитет за соработка меѓу Македонија и Словенија.
Република Македонија е привлечна за турските инвеститори пред се поради добрата геостратешка локација и близината до европскиот пазар, стабилната монетарна и макроекономска политика, како и поради традиционалната пријателска и културна соработка меѓу двете земји
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 се издадени 239 одобренија за градење што е за 13,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Томе Стојановски, управителот на земјоделската задруга Агро обнова информираше дека во задругата членуваат 11 земјоделци кои се здружени со сопствен земјишен фонд од 42 декари во вредност од 20.000 евра, како и сопствена земјоделска механизација.
Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области e новиот проект кој се имплементира од страна на здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење Марвел-АДЕЕЛ, компанијата C Communication и Општина Свети Николе.
Од први мај компанијата Алиталиа ќе воведе директна авионска линија Скопје-Рим. Редовната линија ќе се одвива секој ден од аеродромот Александар Велики до аеродромот Леонардо да Винчи. За директните летови ќе се користат авионите Ербас 320 и Ембраер 175.
Младите во Македонија по дипломирањето работното место го гледаат во јавната администрација, а само 10% се обидуваат да почнат свој бизнис. Состојба може да се промени ако младите своите идеи ги преточат во бизнис план и со субвенции од 5.000 евра почнат бизнис.
Производителите на традиционална храна ќе можат преку поднесување апликација да се регистрираат во Агенцијата со тоа што инспектори ќе ги посетат нивните мандри, бачила и ќе им укажат на минималните стандарди за исполнување во делот на инфраструктурата.
Институтот за стандардизација заедно со компанијата Раде Кончар контрактори и релеи во наредните шест месеци ќе спроведуваат проект за примена на стандарди и економските придобивки
Со вкупно 40 маркети, седум Космо дрогерии, повеќе од 1.200 вработени и над 15.000 различни производи, Тинекс прославува 20 години од своето постоење.
Вкупно 39 ловишта во 11 региони ќе бидат дадени под концесија. Јавниот повик веќе е во тек, а оваа година за прв пат при доделувањето на ловиштата ќе биде воведена електронска аукција со која ќе се избегне човечкиот фактор.
Македонија со проект вреден над 700.000 евра во следните три години ќе се подготвува и ќе гради капацитети за олеснето спроведување на трговијата со емисии на стакленички гасови.
Успешното претставување на првото интервју за работа е клучно за добивањето на можност за започнување на кариера. Младите и покрај добрите квалификации од образованието, треба да се подготват добро за првото интервју за работа.
Утрово целосно изгоре горниот кат од конфекцијата Колор Д од Кочани. Пожарот избувнал додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици.
Пациентите повеќе ќе нема потреба да одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво. Тоа го предвидуваат најновите измени во услугата „Мој термин“.
За финансика поддршка во земјоделството, руралниот развој, рибарството и аква културата и програмата ИПАРД, земјоделците ќе може да се обраќаат во оваа канцеларија и да добиваат совети од колегите од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството.
Министерот Димовски истакна дека од вкупно 134 одобрени за 73 општини, три се во Ресен и дека овие проекти имаат за цел на некој начин да го подобрат животот на граѓаните во руралните средини со што би се спречила миграцијата на населението од овие краишта.
На површина од 40 хектари, денеска започнаа градежни активности за изградба на новата технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Ранковце.