Почнувајќи од 15-ти октомври ТАВ Македонија во соработка со Македонски Телеком воведе бесплатен интернет на скопскиот аеродром Александар Велики.
Брза реакција и успешно справување со пожар и инцидент од поголем размер е резултатот од предвиденото сценарио за интерактивната оперативно-тактичка вежба за кризен менаџмент што jа спроведе ОКТА.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во август оваа година, на месечно ниво се пониски за 1%, додека на годишно ниво намалувањето е 4,2%.
Првиот отворен ден ќе се одржи на 21-ви октомври, среда, со почеток во 11 часот.
Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) на редовното годишно 15. Генерално собрание ги избраа новите членови на Одборот на директори.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Унгарија и Унгарската трговска куќа во Македонија, денеска ќе организира Македонско - унгарски бизнис форум.
Откако започна со работа пред четири години, сопствениците на бизниси коишто учествуваа во Проектот колективно го зголемија извозот за 440.000 американски долари, а вкупните приходи за 1,6 милиони долари.
Претседавачот на овогодинешниот самит Зоран Мартиновски, потенцира дека македонските компании можат да станат поконкурентни, но и да заштедат, само преку ефективен пренос на знаење и вовед на глобално усвоени методи во работењето.
Во организација на компанијата Knowledge Center, денеска во Скопје започна тридневна обука за 25 претпријатија од земјава чија што главна цел е да ги зајакне капацитетите на малите и средни компании во сегментот на управување со иновации.
Доколку сте во можност донирајте сума во вредност од едно кафе јавувајќи се на бројот 070 143 107 (за корисниците на Т-мобиле), 075 143 075 (за корисниците на ОНЕ) или 077 143 404 (за корисниците на ВИП).
Главната цел на настанот е да се промовираат главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија.
На најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот - Web Summit, ќе се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот на работа, а истовремено да ги отвори вратите за потенцијални партнерства и инвестиции на странскиот пазар.
Финансиската поддршка се исплаќа за надомест на трошоци за одржување висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство во висина од 80% од просечна месечна бруто плата во дејноста.
Целта на форумот е остварување директни деловни контакти за креирање конкретна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи.
И оваа година по специјална цена за една влезница тројца студенти добиваат можност да ја следат програмата на конференцијата.
Повелете на настан за бизнис дружење, промоција на ЦЕЕД Бизнис Клубот и доделување сертификати на успешните.
Бројот на туристи во август оваа година е зголемен за 16,1% во однос на истиот период лани, додека зголемување од 14,7% има и кај бројот на ноќевања.
Република Македонија беше претставена како туристичка дестинација за Адвентуре Травел пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле.
ЦЕЕД Македонија веќе осма година игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. Повелете на настанот и дознајте зошто ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за вашиот личен и деловен развој.
Компанијата Макпромет од Штип прикажа вкупна сеопфатна добивка од 12.317.000 денари во период од 01.01. до 30.09. оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Центарот за истражување и креирање политики, со поддршка на Европската комисија и Центарот за изучување на демократијата од Бугарија организираат Форум на јавни политики за скриена економија.
На оваа листа се најдоа физички лица, самостојни вршители на дејност и правни лица за долгови доспеани до 30.06.2015 година и неплатени до 30.09.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително осигурување, акцизи и царини.
Технома годинава ќе понуди 185 изложувачи од кои 135 домашни и 50 странски компании, а се очекуваат повеќе од 25.000 посетители.
Жито Маркети го отвори својот јубилеен 50-ти маркет во Македонија, а веќе 12-ти во Велес, градот каде и започна успешната приказна на овој растечки ланец на малопродажни објекти.











