Во октомври годинава издадени се 147 одобренија за градење, што е за 43% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со имплементација на новите репетитори, вкупната покриеност со DVB-T сигнал изнесува 94,9% од домаќинствата во Македонија.
Успешни француски бизнисмени по форумот во Париз за презентација на можностите за инвестирање во Македонија изјавија дека Македонија е добро место за инвестирање и најавија можни инвестиции.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија во седиштето на Европската агенција за безбедност во воздушната навигација (Евроконтрол) во Брисел прослави 15 години членство во оваа европска агенција.
Република Македонија и Унгарија, оваа година во услови на криза за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот перид од 20%.
Во рамки на форумот ќе се одржат и B2B средби помеѓу македонски и унгарски компании.
Фени Индустри ќе ги постигне задолжителните еколошки стандарди до април 2014 година, информира вчера раководството на фабриката.
Во просториите на Seavus едукативниот и развоен центар вчера започна петтиот инженерски натпревар ЕВЕС.
Ако сте задоволни од она што Ви го нудиме и сметате дека БИ.МК е најдобар бизнис/корпоративен сајт, најиновативен, информативен и со најдобар дизајн, гласајте за нас.
NLB Лизинг минатата недела се закити со престижната награда за најдобра лизинг компанија за 2013 година на нашиот пазар, која ја доделуваат издавачите на Acquisition International Magazine од Велика Британија.
ПроКредит Банка ги промовираше македонските органски производи на саемот за органски производи, кој се одржа на 29 ноември во Есен, Германија, на кој присуствуваа преку 170 учесници.
Царинската управа во соработка со инспекциските служби од денеска со серија работилници пред бизнисмените ќе ги презентира новините при вршење инспекциски надзор поврзан со царинските постапки.
Корисниците на услугите на ЕВН Македонија од Битола и Тетово во следните две недели на пункотвите ќе можат да се пријават за услугите е-фактура и траен налог.
Мајкрософт Централна и Источна Европа денеска во Скопје организира регионална конференција „Вистински импакт за подобро образование“.
Во пресрет на празниците и прекрасната новогодишна атмосфера, Ми Да Гранд Моторс, ексклузивниот импортер за Ford во Македонија, за сите потенцијални купувачи овозможи специјална новогодишна понуда.
Меѓународната осигурителна групација Кјуби, специјализирана во делот на корпоративно осигурување, соопшти дека е постигнат договор со Евроинс Иншуранс Груп за пренесување на своите осигурителни активности во Бугарија и Романија.
Концесионерите на минералните суровини побараа да се зајакнат контролите во нивниот сектор. Најгорливиот проблем за концесионерите е нелојалната конкуренција.
Веб-страницата нуди широк избор на подароци за сите поводи и свечености и има за цел да ги зацврсти семејните и пријателските вредности меѓу нашите иселеници во дијаспората и нивните семејства во Македонија.
На средбата ќе се разговара за регионалната соработка и поефикасното искористување на европските фондови за проекти за пограничен локален развој.
Професионалните корисници ќе имаат можност за континуирано следење и анализирање на податоците за движењата на финансиските пазари во Република Македонија, примарните емисии на хартии од вредност, како и податоци за задолжителната резерва на банките и за основните економски индикатори.
Канцеларијата на УСАИД во Македонија од денеска започнува со реализација на проекти за инвестиции во чиста енергија и за индустриски менаџмент.
На средбата беа потенцирани можностите за проширување на соработката и посебно начините за зголемување на македонскиот извоз. Во разговорите на двете делегации се разгледуваа и можностите за поттикнување на вложувањата, за зголемување на инвестирањето на бизнисмените од провинцијата Сечуан во Македонија.
Граѓаните на Македонија во голема мера се одѕваа на повикот и придонесоа со купувањето на супите Maggi, додека пак компанијата Nestlé за секоја купена супа Maggi донираше уште по една.
На годинешната средба на министри за развој на сеопфатна мрежа која се одржува во Брисел, Белгија, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека Европската унија треба да одвои повеќе средства за развој на SEETO - сеопфатната мрежа.